Градски автомобили
Мали автомобили, големи авантури, неограничен градски дух.
Градските автомобили Volvo се конструирани за лесно навигирање во урбаните средини. Тие се одлични во маневрирањето, управувањето во тесни улички, сообраќајните метежи и при вообичаените предизвици за паркирање. Нивната компактна големина и напредните функции обезбедуваат практични и лесни решенија за градскиот превоз.
Мали автомобили што оставаат голем впечаток
Компактните SUV возила на Volvo имаат смел, привлечен надворешен дизајн што привлекува внимание каде и да одат. Овие SUV возила ги комбинираат стилот и перформансите со помош на нивните елегантни линии, штитниците со соодветна боја, елегантните тркала и страничните ретровизори.
Истражете ја нашата палета на градски автомобили
Удобно градско возење
Нашите автомобили имаат многу практични функции за градско возење, вклучувајќи напредна технологија за помош на возачот, овозможувајќи поопуштено искуство при возењето. Таа помага да се одржи безбедно растојание од автомобилите пред вас преку приспособувања на брзината и нежна помош при управувањето, за прецизно центрирање во лентата. Дополнително, таа одлично се покажува во сообраќај со многу тргнувања и застанувања, давајќи навремени предупредувања кога сообраќајот повторно ќе тргне по застој.
Паметен безбедносен систем за отворање на вратата
Збогувајте се со неочекуваните незгоди при отворање на вратата во прометната градска средина. Во Volvo EX30 интегриравме паметен систем за предупредување при отворање на вратата. Овој напреден систем содржи визуелни и аудио известувања за да ве предупреди кога ќе ја отворате вратата во патеката на движење на некој велосипедист или друг учесник во сообраќајот.
Освојте го градскиот паркинг со мали автомобили
Градското паркирање знае да претставува вистински предизвик, со оглед на присуството на други автомобили, велосипедисти и пешаци. Баш тука компактните градски автомобили навистина добро се покажуваат. Тие го поедноставуваат маневрирањето низ тесните простори. Дополнително, функцијата Park Pilot Assist уште повеќе го поедноставува искуството при паркирањето, помагајќи ви да наоѓате места за паркирање и насочувајќи го вашиот Volvo во нив, обезбедувајќи искуство за паркирање без стрес.
360° поглед на градот
Системот со камери во 360 степени на Volvo во целост ќе ги промени работите во градското возење, нудејќи птичја перспектива за поголема свест при различните ситуации. Тоа го олеснува паралелното паркирање, ви помага да избегнувате рабници и го поедноставува движењето во тесни простори. Без разлика дали се наоѓате на прометни раскрсници или во тесни ленти, нашата 360° камера помага да се осигури побезбедно возење во урбаните средини, без стрес.
Останете фокусирани на патот
Кога возите во град, клучно е да внимавате на велосипедистите, пешаците, сообраќајните знаци, како и на вашата траекторија. Екранот над инструмент таблата на Volvo го олеснува тоа преку прикажување важни информации како што се вашата брзина, насоките за навигација и друго, директно на вашиот ветробран, па не морате да го тргате погледот од патот.
Градска безбедност за децата
Посветеноста на Volvo Cars кон безбедноста ги вклучува и најмалите патници. На пример, ние нудиме внимателно дизајнирани детски седишта и подлоги за седење што обезбедуваат заштита за вашето дете уште од најмала возраст, па до 10-годишна возраст. Овие седишта нудат оптимална безбедност за вашите деца и совршено одговараат во внатрешноста на нашите градски автомобили.
Volvo EC40
Запознајте го нашиот електричен кросовер.
Внимателно планиран дизајн
Градските автомобили можеби се компактни, но генијалниот дизајн на Volvo обезбедува да се оптимизира просторот, како за патниците, така и за товарот. Секој аспект од минималистичкиот дизајн е внимателно обмислен, од широкиот багажник без спојлер, до паметните простори за складирање во кабината и големиот простор за нозете што може да не се очекува баш од помал автомобил.
Многу простор за складирање
Сите ние сме свесни за постојаната потреба за повеќе простор при товарање на некој автомобил, без оглед на неговата големина. Од набавките од супермаркет до купувањето за викенд, списокот на неопходни работи може да ни се чини бесконечен. Иако е компактен на изглед, Volvo EX40 е вистинско чудо кога се работи за паметното складирање. Има простран рамен заден багажник за лесно товарање и растоварање, простор за товар под подот, како и паметни решенија за складирање за работи како што се шишиња за вода и телефони. Исто така можете да ја додадете опцијата без употреба на рацете и отворање на задниот багажник да биде едноставно ставајќи ја ногата под задниот браник.
Обновливи материјали со стил
Кога барате градски автомобил, клучно е да им дадете приоритет на просторот и удобноста. Сепак, тоа не значи дека треба да правите компромис околу стилот. Во нашиот најмал теренец досега, EX30, можете да изберете една од четири различни теми за внатрешноста: Breeze, Mist, Pine и Indigo. Секоја од темите влече инспирација од спокојната убавина на скандинавската природа и има иновативна изработка што користи обновливи и рециклирани материјали.
Тивко и удобно возење
Стандардниот фиксен панорамски покрив на Volvo EC40 содржи ламинирано и затемнето стакло што дава ефективна заштита од рефлексија и УВ-зрачење. Овој уникатен дизајн на покривот создава природно осветлена средина во кабината. Дополнително, тој игра клучна улога во регулирање на температурата, придонесувајќи за удобна клима во внатрешноста и намалувајќи ја бучавата, што на крајот придонесува за спокојно искуство при возењето.
Потполно новиот EX30
Погледнете што се вклопува во багажникот на овој компактен целосно електричен SUV
Придобивките од електрификацијата во град
Урбаните области често имаат проблем со загадувањето и еколошките предизвици. Транзицијата кон електрични градски автомобили претставува поодржливо решение што е во согласност со потребата за почисти, поеколошки градови. Во Volvo Cars, ова е иднината на возењето, па планираме до 2030 година да бидеме компанија што произведува само електрични автомобили.
Полнење на електричен или plug-in хибриден градски автомобил
Полнењето на Volvo во град никогаш не било полесно благодарение на сѐ поголемата мрежа на станици за полнење, а можете да ги најдете користејќи го паметниот централен дисплеј на автомобилот. Volvo Cars app ви дава корисни потсетници и насоки до најблиската локација за полнење. Па, лесно полнете ја батеријата додека сте на пат, без разлика дали се работи за долги патувања или кога ви треба малку повеќе енергија.
Грижата за батеријата значи среќни градски возачи
Претходната подготовка на батеријата е корисна функција што се наоѓа во многу електрични автомобили Volvo, дизајнирана за да ја доведе батеријата на автомобилот на нејзината оптимална температура. Ова го подобрува досегот со едно полнење на вашата батерија, го забрзува полнењето и ја зачувува добросостојбата на батеријата. Па, ќе добиете поголема километража, побрзи полнења и подобро одржана батерија.
Volvo EX40
Запознајте се со нашиот целосно електричен компактен SUV.
Паметни и поврзани градски автомобили
Технологијата и инфо-забавата се во преден план на раздвижениот свет на градските автомобили, нудејќи не само компактна големина, туку и паметни решенија и поврзување. Ова обезбедува идеална комбинација на практичност и забава за градските жители.
Екран на допир со одлична реакција
Нашиот таблет служи истовремено и како интерфејс за возачот и како централен дисплеј, беспрекорно интегрирајќи ги клучните информации за возачот, како и вашите претпочитани контроли на еден екран. Екранот на допир е внимателно изработен за да обезбеди кристално јасни визуелни прикази во висока дефиниција, сведувајќи ги на минимум отсјајот и рефлексиите што пречат. А степенот на неговата реакција е исклучителен, овозможувајќи брзо извршување на наредбите.
Пристап до апликации во автомобилот
Во вашиот Volvo, Google е интегриран во вашето искуство при возењето, давајќи ви пристап до Google Play и неговиот асортиман на апликации за во автомобил за да можете да останете поврзани дури и кога сте на пат.
Најдоброто во навигацијата
Вградувањето на Google Maps во вашиот Volvo беспрекорно ги спојува познатиот интерфејс на паметниот телефон со подобрените, првокласни функции. Навигацијата никогаш не била полесна.
Напредни аудио системи
Ние ја разбираме важноста на музиката за вашето искуство при возењето во град. Добро одбран поткаст или музичка листа може значително да ја намали нервозата при сообраќајните метежи. Затоа се здруживме со Bower & Wilkins и Harmon Kardon за да испорачаме исклучителни аудио системи во нашите автомобили. Овие брендови се посветени на тоа да ви овозможат неверојатно аудио искуство што го надминува вообичаеното.
Една апликација за сите ваши потреби
Со Volvo Cars app, можете без мака да го следите напредокот на полнењето и да закажете тајмер за да се осигурите дека вашиот автомобил е пријатно загреан кога ќе ви треба. Исто така можете далечински да го заклучувате и отклучувате автомобилот, па дури и да ги планирате вашите следни термини за сервисирање, сето тоа на едно практично место.
Често поставувани прашања
Како се разликува градското возење од возењето во рурална средина?
Градското возење вклучува справување со сообраќај, паркирање и свесност за пешаците, додека возењето во рурална средина значи возење подолги растојанија и со поголеми брзини. Градските автомобили се произведени за урбаните предизвици, нудејќи агилност, компактност и напредни безбедносни функции.
Кои функции доаѓаат со градски автомобил?
Нашите градски автомобили доаѓаат опремени со повеќе безбедносни и практични функции, дизајнирани за подобрување на вашето искуство при возењето во градска средина. Овие функции може да се разликуваат во зависност од пазарот и моделот на автомобил, но може да вклучуваат паметен безбедносен систем за отворање врати, Park Pilot Assist, систем со камери во 360 степени и екран над инструмент таблата. Дополнително, нашиот систем за инфо-забава што е практичен за користење од страна на корисниците нуди ажурирања на сообраќајот во реално време за да ви помогне во избирањето на најефикасните маршрути.“
Дали постојат SUV возила за градско возење?
Иако SUV возилата обично се поврзуваат со авантури надвор од стандардните патишта, Volvo нуди помали SUV возила дизајнирани за градскиот живот. Сепак, вреди да се напомене дека градовите, како и поединечните потреби се разликуваат. Затоа, дури и поголем SUV како што е EX90 може да одговара на градските средини. Истражете го нашиот спектар на модели за да го откриете тој што совршено одговара на вашите потреби.
Постоечките и идните технологии, функции и способности што се опишани погоре може да се разликуваат, може да не се достапни на сите пазари и нема да претставуваат стандард на сите пазари или за сите модели. Вградените функции на Google што се прикажани може да не бидат стандард или да не бидат достапни за сите модели, стилови и опции за моторот. Google Assistant не е достапен на сите јазици и пазари. Google, Google Play, Google Maps и YouTube Music се трговски марки на Google LLC.