Слика на Volvo 144

Волво 144. Вистински безвременски дизајн со карактеристики како што се големи површини од стакло и три странични прозорци.

Во август 1966 година, Volvo претставил нов автомобил со 4 врати наречен Volvo 144. Тој го претставувал почетокот на сосема нова автомобилска серија која до 1974 година ги претставувала главните модели на Volvo.

Стилот на 144 бил навистина безвременски и ова е потврдено со фактот дека автомобилот, во дополнително развиената форма, сѐ уште се продавал успешно на почетокот од 1990-тите. Својствените карактеристики на овој автомобил вклучувале големи стаклени области и прозорци на три страни.

144 бил многу простран автомобил со голем багажник. Volvo 144 исто така вклучувал многу нови безбедносни карактеристики. Како дополнение на каросеријата со своите зони за впивање енергија однапред и одзади, постоел и уникатен систем за сопирање во којшто секое сопирачко коло се справувало со три тркала. Се користеле сопирачки со дискови на сите четири тркала. Внатрешноста немала испакнати делови и имало сигурносни појаси за возачот и совозачот на предното седиште.

Технички спецификации
Модел: 144
Производство: 1966 – 1974 г.
Количина: 523808
Каросерија: лимузина со 4 врати.
Мотор: 4-цилиндричен, линиски, горни вентили, 1.778 cc, 84,14 x 80 mm, 75 или 90 или 95 bhp и 1.986 cc, 88,9 x 80 mm во неколку моќни верзии.
Пренос: 4-брзински рачен, 4-брзински рачен со електричен овердрајв или 3-брзински автоматски.
Сопирачки: хидраулични, сопирачки со дискови на сите четири тркала.
Димензии: вкупна должина 464 cm, меѓуоскино растојание 260 cm