Слика на Volvo 164

Волво 164. Подобрена хауба и престижен преден дизајн.

Во есента 1968 година, Volvo го претстави Volvo 164. Тој бил поразвиена верзија на Volvo 144, но имал попрестижно ориентирана положба.

Главната разлика во техничка смисла била што Volvo 164 имал 3,0-литарски, линиски, 6-цилиндричен мотор под хаубата. Овој мотор бил развиен од 2,0-литарскиот, 4-цилиндричен мотор што бил претставен за серијата 140 во истото време, во 1968 година. Од почетокот, 164-ката имала два карбуратора и подоцна била достапна и со вбризгување гориво.

Ова бил првиот пат во 10 години кога Volvo можел да понуди 6-цилиндричен автомобил. Последниот пат бил кога се произвеле таксињата во серијата 830.

Сепак, кога се работело за автомобили наменети за приватните купувачи, Volvo немал 6-цилидричен автомобил речиси 20 години, од 1950 година кога престанало производството на PV60.

Што се однесува до надворешноста на 164-ката, предниот дел имал сопствен стил. Хаубата била подолга за да се обезбеди простор за поголемиот мотор. Обликот на предниот дел исто така носел поголем престиж поради големата решетка.

Во внатрешноста, седиштата биле сосема различни, материјалите биле полуксузни, а можел да се специфицира кожен тапацир.

Volvo 164 бил произведуван помеѓу 1968 и 1975 година. Повеќето автомобили произведени во минатата година се испратиле во САД.

Технички спецификации
Модел: 164
Производство: 1968 – 1975 г.
Количина: 146008
Каросерија: лимузина со 4 врати
Мотор: 6-цилиндричен, линиски, горни вентили, 2.978 cc, 88,9 x 80 mm, 135-175 bhp.
Пренос: 4-брзински рачен, 4-брзински рачен со електричен овердрајв или 3-брзински автоматски.
Сопирачки: хидраулични, дискови на сите тркала.
Димензии: вкупна должина 470 cm, меѓуоскино растојание 270 cm.