Слика на Volvo 262C

Volvo 262C. Дизајниран во Шведска, произведен во Италија.

Volvo 262C бил претставен на Женевскиот саем за автомобили во 1977 година.

262C било купе со 2 врати со четири удобни седишта; ова било возможно затоа што автомобилот го имал истото меѓуоскино растојание како Volvo 264. Дополнително, имал различен кров во споредба со автомобилите со 4 врати на коишто се засновал. Ветробранот имал поостар нагиб и автомобилот имал многу широк C-столб. Во првите години, автомобилите биле офарбани во сребрена боја и имале црн винилен кров. Подоцна биле понудени други бои за надворешниот изглед. Внатрешноста била многу ексклузивна и вклучувала кожа и дрво.

Автомобилот бил дизајниран во Volvo во Шведска, но го произвел Bertone во Италија.

Технички спецификации
Модел: 262C
Производство: 1977 – 1981 г.
Количина: 6622
Каросерија: купе со 2 врати
Мотор: V6 OHC, 2.664 cc или 2.849 cc.
Пренос: 4-брзински рачен со електричен овердрајв или 3-брзински автоматски.
Сопирачки: хидраулични, сопирачки со дискови на сите четири тркала.
Димензии: вкупна должина 490 cm, меѓуоскино растојание 264 cm.