Слика на Volvo 850 Estate.

Volvo 850 Estate. Првиот автомобил во светот кој нуди воздушни перничиња со страничен удар.

Помалку од две години по претставувањето на 850 GLT во вид на седан со 4 врати, верзијата на караван со 5 врати била претставена во февруари 1993 година.

Дизајнот на караванот 850 имал заден дел со профил типичен за Volvo, што значи, речиси вертикална задна врата – практична карактеристика што максимално го искористува внатрешниот простор.

Volvo 850 GLT примил бурно добредојде; ретко кој нов автомобил добил толку награди како 850. Верзијата на караванот ја добила престижната јапонска награда „Големата награда за добар дизајн во 1994 година“.

Во текот на следните години, серијата 850 била проширена со повеќе од само караванската верзија. Лепезата вклучува широк спектар на мотори, вклучувајќи и бензински единици со турбополнење и турбодизел со директно вбризгување.

Кога Volvo реши да се врати на тркачките патеки во 1994 година, тоа го стори под знамето на BTCC, British Touring Car Championships. Првиот Volvo што учествувал на натпреварувањето бил маркантниот караван Volvo 850, автомобил што воедно можел да носи многу товар, а имал и голема моќност на патот.

Volvo 850 бил првиот автомобил на светот што имал воздушни перничиња за страничен удар, што биле воведени во сериско производство во есента, 1994 година.

Спектакуларното дополнување на лепезата на 850/V70 била првата генерација на моделите AWD (погон на сите тркала) и XC (крос-кантри).

Во моделот за 1997 година, V70 го заменил караванот 850.

Технички спецификации
Модел: 850 караван
Варијанти: AWD, XC, R
Произведено: 1993 - 1996 година Волумен: 326068
Каросерија: караван со 5 врати
Мотор: 5-цилиндрична линиска DOHC единица, 1.984 cc до 2.383 cc или 5-цилндричен линиски 2.461 cc SOHC турбодизел
Пренос: 5-брзински рачен или 4-брзински автоматски, FWR или AWD.
Сопирачки: хидраулични, сопирачки со дискови секаде
Димензии: вкупна должина 472 cm, меѓуоскино растојание 267 cm