Слика на Volvo C70 Coupe.

Volvo C70 Coupe. Првокласно држење на патот и совршена ергономска удобност, надополнета со ексклузивни внатрешни материјали.

Со текот на годините, Volvo понудил ексклузивни купе автомобили за пребирливите купувачи кои сакале да ја комбинираат ексклузивноста со карактеристиките за удобност, безбедност, високи перформанси и добро однесување на патот. P1800, 262C и 780 заслужуваат споменување како претходници на C70 Coupé.

Кога Volvo го започнал дизајнирањето на C70 Coupé, развојот бил извршен здружено од страна на Volvo и британската TWR (Tom Walkinshaw Racing), за да се обезбеди убавиот изглед да се компбинира со нивоата на перформанси, што дотогаш не било видено кај Volvo автомобилите.

Новиот C70 Coupé бил претставен на Парискиот автомобилски саем во 1996 година и новинарите и потенцијалните купувачи донеле ентузијастички оценки.

C70 Coupé нуди максимални перформанси (со максимални брзини од 250 km/h) заедно со првокласното однесување на патот и удобноста на совршената ергономија, поврзана со ексклузивните материјали на внатрешноста, како што се природната кожа и уникатните дрвени елементи, како и првокласната аудио опрема.

Volvo C70 Coupé се произведувал до 2002 година.

Технички спецификации
Модел: C70 Coupé
Производство: 1996 – 2002 г.
Количина: 24395
Каросерија: купе со 2 врати
Мотор: 5-цилиндричен линиски DOHC 1.984 2.435 cc.
Пренос: 5-брзински рачен, 4 или 5-брзински автоматски.
Сопирачки: хидраулични, сопирачки со дискови секаде
Димензии: меѓуоскино растојание 266 cm