Слика на Volvo PV651

Volvo PV651. Првиот автомобил кој е опремен со моторот DB.

Првиот Volvo мотор со шест цилиндри бил подготвен во 1929 година. Првиот автомобил што бил опремен со мотор DB бил PV651. Моторот имал капацитет малку над 3 литри, а моќноста била скромни 55 bhp. Тоа бил силен и флексибилен автомобил, две карактеристики својствени за линиската шестка како технички дизајн.

И PV651, и неговиот наследник, PV652, биле подолги и пошироки од претходните автомобили на Volvo. На сите четири тркала стандардно биле ставени сопирачки за четири тркала, или механички (PV551), или хидраулично (PV652) ракувани.

Технички спецификации
Модел: PV651
Варијанти: PV652, шасија на PV650, 650 Special
Производство: 1929 – 1933 г.
Количина: 2382
Каросерија: Салон или кабриолет
Мотор: Линиски 6-цилиндричен со странични вентили; 3.010 cc; 76,2x110 mm; 55 bhp на 3.000 rpm.