Слика на Volvo PV801-10

Volvo PV801-10. Храбар нос во форма на V и типичен американски стајлинг со заоблени контури.

Новите такси возила, PV801 (со стаклена преграда помеѓу предното и задното седиште) и PV802 (без стаклената преграда), биле претставени во 1938 година. Моделот исто така бил достапен и во вид на шасија, PV800 и PV810, а вториот имал и подолго меѓуоскино растојание.

Дизајнот на серијата PV800 бил многу подобрен со смелиот нос во облик на буквата V и со типичниот американски стил со заоблени контури. И во двете верзии можеле да се возат осум лица, благодарение на дополнителните седишта што се креваат. Верзиите 821-824 биле модернизирани со помоќен ED мотор што имал моќност од 90 bhp.

Технички спецификации
Модел: PV801-10
Варијанти: PV 800 шасија PV 801 (такси со стаклена преграда) PV 802 (такси без стаклена преграда) PV 810 шасија, продолжена
Производство: PV801-10: 1938 г. – 1947 г. PV821-4: 1947 – 1948 г.
Количина: PV801-10: 1.848 PV821-4: 800
Каросерија: Наменски произведена за такси или шасија наменета за специјални каросерии.
Мотор: Линиски 6-цилиндричен со странични вентили; 3.670 cc; 84,14x110 mm; 84, 86 или 90 bhp.
Пренос: 3-брзински рачен со подна рачка (1938-45) или менувач поставен на управувачкиот столб (1946-48).
Сопирачки: хидраулични на сите тркала.
Димензии: меѓуоскино растојание 3.250 или 3.550 mm.