Поврзан со вашиот живот, безбедност и задоволство. Откријте навистина луксузен седан.
Со „Карти на Google“ беспрекорно вграден во S90 Recharge, информациите за сообраќајот во реално време и автоматското менување на маршрутата ви помагаат да стигнете на вашата дестинација со помалку компликации.
Разговарајте со Google во вашиот S90 Recharge за гласовна помош. Лесно добивајте насоки, уживајте во забавните содржини и бидете во контакт со пријателите, семејството и колегите – само кажете „Hey Google” за да започнете.
Останете поврзани со вашиот дигитален живот. Google Play во вашиот S90 Recharge ви овозможува да уживате во апликациите и услугите што може да го направат секое патување позабавно и поудобно.
Со „Карти на Google“ беспрекорно вграден во S90 Recharge, информациите за сообраќајот во реално време и автоматското менување на маршрутата ви помагаат да стигнете на вашата дестинација со помалку компликации.
Услугите на Google се овозможени преку пакетот Дигитални услуги, кој е вклучен четири години. По истекот на овој период, ќе важат нови услови и цени доколку изберете да го обновите.
Со сите вклучени податоци, нашиот пакет со дигитални услуги на практичен начин внесува хармонија помеѓу вас, вашиот S90 Recharge и вашиот дигитален живот.
Ќе ги добиете вашите омилени апликации како Google Assistant, „Карти на Google“ и други на Google Play, директно во вашиот автомобил за практично, персонализирано и беспрекорно возачко искуство.
Оптимизирајте ја практичноста и добијте повеќе од вашиот Volvo. Нашиот пакет со дигитални услуги вклучува далечински услуги преку апликацијата Volvo Cars.
Целосно електричниот S90 Recharge се доставува со четиригодишна претплата на пакетот Дигитални услуги. По истекот на овој период, ќе важат нови услови и цени доколку изберете да го обновите.
Целосно електричниот S90 Recharge се доставува со четиригодишна претплата на пакетот Дигитални услуги. По истекот на овој период, ќе важат нови услови и цени доколку изберете да го обновите.
Напредниот прочистувач на воздухот во нашиот прв светски систем за квалитет на воздухот спречува до 95 проценти од опасните PM 2,5 честички што навлегуваат во кабината. Тоа може да ви помогне вам и на вашите патници да уживате во подобар и поздрав квалитет на воздухот, без оглед на надворешните услови. Можете дури и да ги следите нивоата на честички и полен надвор од автомобилот.
Нашата напредна технологија за помош на возачот овозможува поопуштено возење. Таа може да ви помогне да одржувате безбедно растојание од автомобилите пред вас, приспособувајќи ја вашата брзина и одржувајќи ве во средината на лентата преку обезбедување блага помош при управувањето. Таа исто така е корисна во сообраќај „тргни-застани“ и може да ве извести доколку сообраќајот напред се движи без вас по сопирање.
Екранот над инструмент таблата ви овозможува да ја гледате вашата брзина, да следите етапна навигација и друго. Сето тоа без да го губите фокусот на патот. Осветленоста на екранот над инструмент таблата се прилагодува автоматски според условите на светлината и можете да го поставите системот да одговара на вашите лични преференци.
Претплатете се на пакет со дигитални услуги и уживајте во целосниот пристап до сите далечински услуги во апликацијата Volvo Cars, вклучувајќи ги заклучувањето и отклучувањето, чистењето на кабината и загревањето или ладењето на кабината.*
Напредниот прочистувач на воздухот во нашиот прв светски систем за квалитет на воздухот спречува до 95 проценти од опасните PM 2,5 честички што навлегуваат во кабината. Тоа може да ви помогне вам и на вашите патници да уживате во подобар и поздрав квалитет на воздухот, без оглед на надворешните услови. Можете дури и да ги следите нивоата на честички и полен надвор од автомобилот.
* Далечинските услуги на апликацијата Volvo Cars се овозможени преку претплатата на пакетот Дигитални услуги, која е вклучена четири години. По истекот на овој период, ќе важат нови услови и цени доколку изберете да го обновите.
Дизајнирано за оние што бараат извонредност на звучните перформанси. Овој најсовремен опционален аудио систем од 1.400W носи исклучителна јасност и реализам во музиката, оптимизирајќи ги деталите и резолуцијата и овозможувајќи ви да слушнете некоја песна како што изведувачот првично ја наменил.
19 прецизно нагодени high-fi звучници и иновативен сабвуфер со свеж воздух, создадени според архитектурата на кабината на вашиот Volvo даваат неверојатен опкружувачки звук, без разлика каде седите. Целосно музичко искуство што навистина можете да го почувствувате.
Уникатната технологија за „Преобразба на соба“ ја рекреира акустиката од некоја конкретна соба. Изберете од четири различни „Режими на соба“, вклучувајќи „Студио“, „Индивидуална сцена“, „Концертна сала“ и „Џез клуб“.
Нашиот систем за известување за мртва точка (BLIS) обезбедува активна поддршка кога менувате ленти. Доколку постои ризик од судир со други возила во соседната лента, системот за известување за мртва точка (BLIS) може суптилно да го прилагоди управувањето, со што се помага вие, вашиот автомобил и вашите сакани да бидат таму каде што сакате.
Ако почнете да се отклонувате од централната линија, секогаш постои можност за судир со автомобил што доаѓа отспротива. Вашиот автомобил може да го забележи ова и да го коригира вртењето, помагајќи ви да се вратите на побезбедна положба на патот.*
И дење и ноќе, нашата интелигентна технологија за подобра безбедност може да ви помогне да ги видите и да ги избегнете другите возила, пешаци, велосипедисти и големи животни. Тоа го прави прво со предупредување на возачот, а потоа со автоматско сопирање доколку возачот не успее да реагира.**
Со четири камери што обезбедуваат преглед од 360° и бочни сензори што ја зголемуваат свесноста за објектите кај страничниот дел на автомобилот, нашиот систем може да ви помогне да се паркирате со самодоверба, дури и во тесни простори.
Предупредувањето за вкрстен сообраќај со автоматска сопирачка му пружа поддршка на возачот кога вози наназад со ограничена прегледност. Системот може да ги открие возилата што се движат одзади и, доколку е потребно, да ја активира автоматската сопирачка.***
Нашата технологија за помош може да помогне во густ сообраќај и автоматски да го сопре автомобилот доколку постои ризик од судир.
Нашиот систем за известување за мртва точка (BLIS) обезбедува активна поддршка кога менувате ленти. Доколку постои ризик од судир со други возила во соседната лента, системот за известување за мртва точка (BLIS) може суптилно да го прилагоди управувањето, со што се помага вие, вашиот автомобил и вашите сакани да бидат таму каде што сакате.
* Функциите за поддршка на возачот не се замена за вниманието и проценката на возачот. Поддршката за управување е активна на брзини помеѓу 60-140 km/h.
** Возилата, пешаците и велосипедистите што се движат во иста насока со автомобилот, може да бидат откриени во определени брзини и услови. Системите за откривање зависат од тоа објектите да бидат осветлени и бараат предните и задните светла на возилото да работат кога е темница. Возачот цело време останува одговорен за безбедно возење.
*** Функциите за поддршка на возачот не се замена за вниманието и проценката на возачот. Предупредувањето за вкрстен сообраќај може да има ограничена функционалност во одредени ситуации. Интервенцијата на сопирачката е активна само при помала брзина.
Наведените карактеристики може да не бидат стандардни или достапни за сите нивоа на опрема, опции за погонот и пазари.
Google, Google Play и „Карти на Google“ се заштитени трговски марки на Google LLC.