Откријте како карактеристиките за поврзливост, удобност и безбедност го дефинираат карактерот на V90 Cross Country.
Со „Карти на Google“ беспрекорно вграден во V90 Cross Country, информациите за сообраќајот во реално време и автоматското менување на маршрутата ви помагаат да стигнете на вашата дестинација со помалку компликации.
Разговарајте со Google во вашиот V90 Cross Country за помош без користење на рацете. Лесно добивајте насоки, уживајте во забавните содржини и бидете во контакт со пријателите, семејството и колегите – само кажете „Hey Google” за да започнете.
Останете поврзани со вашиот дигитален живот. Google Play во вашиот V90 Cross Country ви овозможува да уживате во апликациите и услугите што може да го направат секое патување позабавно и поудобно.
Со „Карти на Google“ беспрекорно вграден во V90 Cross Country, информациите за сообраќајот во реално време и автоматското менување на маршрутата ви помагаат да стигнете на вашата дестинација со помалку компликации.
Услугите на Google се овозможени преку пакетот Дигитални услуги, кој е вклучен четири години. По истекот на овој период, ќе важат нови услови и цени доколку изберете да го обновите.
Со сите вклучени податоци, нашиот пакет со дигитални услуги на практичен начин внесува хармонија помеѓу вас, вашиот V90 Cross Country и вашиот дигитален живот.
Ќе ги добиете вашите омилени апликации како Google Assistant, „Карти на Google“ и други на Google Play, директно во вашиот автомобил за практично, персонализирано и беспрекорно возачко искуство.
Оптимизирајте ја практичноста и добијте повеќе од вашиот Volvo. Нашиот пакет со дигитални услуги вклучува далечински услуги преку апликацијата Volvo Cars.
V90 Cross Country се доставува со четиригодишна претплата на пакетот со Дигитални услуги. По истекот на овој период, ќе важат нови услови и цени доколку изберете да го обновите.
V90 Cross Country се доставува со четиригодишна претплата на пакетот со Дигитални услуги. По истекот на овој период, ќе важат нови услови и цени доколку изберете да го обновите.
Екранот над инструмент таблата ви овозможува да ја гледате вашата брзина, да следите етапна навигација и друго. Сето тоа без да го губите фокусот на патот. Осветленоста на екранот над инструмент таблата се прилагодува автоматски според условите на светлината и можете да го поставите системот да одговара на вашите лични преференци.
Велосипеди, кајаци, скијачка опрема – што и да носите, ние ги имаме додатоците што ќе обезбедат вашата опрема да патува побезбедно и посигурно.
Напредниот прочистувач на воздухот во нашиот прв светски систем за квалитет на воздухот спречува до 95 проценти од опасните PM 2,5 честички што навлегуваат во кабината. Тоа може да ви помогне вам и на вашите патници да уживате во подобар и поздрав квалитет на воздухот, без оглед на надворешните услови. Можете дури и да ги следите нивоата на честички и полен надвор од автомобилот.
Нашата напредна технологија за помош на возачот овозможува поопуштено возење. Таа може да ви помогне да одржувате безбедно растојание од автомобилите пред вас, приспособувајќи ја вашата брзина и одржувајќи ве во средината на лентата преку обезбедување блага помош при управувањето. Таа исто така е корисна во сообраќај „тргни-застани“ и може да ве извести доколку сообраќајот напред се движи без вас по сопирање.
Екранот над инструмент таблата ви овозможува да ја гледате вашата брзина, да следите етапна навигација и друго. Сето тоа без да го губите фокусот на патот. Осветленоста на екранот над инструмент таблата се прилагодува автоматски според условите на светлината и можете да го поставите системот да одговара на вашите лични преференци.
Дизајниран за оние што бараат извонредност на звучните перформанси. Овој најсовремен опционален аудио систем од 1.400W носи исклучителна јасност и реализам во музиката, оптимизирајќи ги деталите и резолуцијата и овозможувајќи ви да слушнете некоја песна така како што изведувачот првично ја наменил.
19 прецизно нагодени high-fi звучници и иновативен сабвуфер со свеж воздух, создадени според архитектурата на кабината на вашиот Volvo даваат неверојатен опкружувачки звук, без разлика каде седите. Целосно музичко искуство што навистина можете да го почувствувате.
Уникатната технологија за „Преобразба на соба“ ја рекреира акустиката од некоја конкретна соба. Изберете од четири различни „Режими на соба“, вклучувајќи „Студио“, „Индивидуална сцена“, „Концертна сала“ и „Џез клуб“.
Нашиот систем за известување за мртва точка (BLIS) обезбедува активна поддршка кога менувате ленти. Доколку постои ризик од судир со други возила во соседната лента, системот за известување за мртва точка (BLIS) може суптилно да го прилагоди управувањето, со што се помага вие, вашиот автомобил и вашите сакани да бидат таму каде што сакате.
Ако почнете да се отклонувате од централната линија, секогаш постои можност за судир со автомобил што доаѓа отспротива. Вашиот автомобил може да го забележи ова и да го коригира вртењето, помагајќи ви да се вратите на побезбедна положба на патот.*
И дење и ноќе, нашата интелигентна технологија за подобра безбедност може да ви помогне да ги видите и да ги избегнете другите возила, пешаци, велосипедисти и големи животни. Тоа го прави прво со предупредување на возачот, а потоа со автоматско сопирање доколку возачот не успее да реагира.**
Со четири камери што обезбедуваат преглед од 360° и бочни сензори што ја зголемуваат свесноста за објектите кај страничниот дел на автомобилот, нашиот систем може да ви помогне да се паркирате со самодоверба, дури и во тесни простори.
Предупредувањето за вкрстен сообраќај со автоматска сопирачка му пружа поддршка на возачот кога вози наназад со ограничена прегледност. Системот може да ги открие возилата што се движат одзади и, доколку е потребно, да ја активира автоматската сопирачка.***
Нашата технологија за помош може да помогне во густ сообраќај и автоматски да го сопре автомобилот доколку постои ризик од судир.
Нашиот систем за известување за мртва точка (BLIS) обезбедува активна поддршка кога менувате ленти. Доколку постои ризик од судир со други возила во соседната лента, системот за известување за мртва точка (BLIS) може суптилно да го прилагоди управувањето, со што се помага вие, вашиот автомобил и вашите сакани да бидат таму каде што сакате.
* Функциите за поддршка на возачот не се замена за вниманието и проценката на возачот. Поддршката за управување е активна на брзини помеѓу 60-140 km/h.
** Возилата, пешаците и велосипедистите што се движат во иста насока со автомобилот, може да бидат откриени во определени брзини и услови. Системите за откривање зависат од тоа објектите да бидат осветлени и бараат предните и задните светла на возилото да работат кога е темница. Возачот цело време останува одговорен за безбедно возење.
*** Функциите за поддршка на возачот не се замена за вниманието и проценката на возачот. Предупредувањето за вкрстен сообраќај може да има ограничена функционалност во одредени ситуации. Интервенцијата на сопирачката е активна само при помала брзина.
Наведените карактеристики може да не бидат стандардни или достапни за сите нивоа на опрема и опции за погонот.
Google, Google Play и „Карти на Google“ се заштитени трговски марки на Google LLC.