За секоја ваша страна. Целосно електричниот EX40, експресивен и сестран SUV дизајниран за живеење со полни гради.

Досег на електричен погон

(До)

Електричен досег (До)

Досегот се заснова на локалните стандарди за тестирање добиени во специфични услови за тестирање за целосно електричниот Volvo EX40. Досегот добиен во реални околности варира во зависност од однесувањето при возењето и од другите надворешни фактори. Отворете ги целосните Спецификации за да прегледате други опции за погонот.

Време за полнење со еднонасочна струја

(10 – 80 %)

Брзо време на полнење со еднонасочна струја (10 – 80 %)

Цифрите произлегуваат од проценките и пресметките извршени за целосно електричниот Volvo EX40 и тие не се гарантирани. Времето на полнење може да варира и зависи од факторите како што се надворешната температура, температурата на батеријата, опремата за полнење, условите на батеријата и состојбата на автомобилот. Сертификатот за возилото сѐ уште не е издаден.

kWh

Потрошувачка на енергија

(на 100 km)

Потрошувачка на енергија (по 100 km)

Бројките се прелиминарни и произлегуваат од проценките и пресметките извршени од страна на Volvo Cars за EX40 и овие резултати не се гарантирани. Досегот на возење и потрошувачката на енергија во реални услови варираат во зависност од стилот на возење и другите надворешни фактори. Сертификатот за возилото сѐ уште не е издаден.

Забрзување

(0-100 км/ч)

Страничен приказ на целосно електричниот Volvo EX40.

EX40 ја испорачува сестраноста на теренец со нашиот препознатлив електричен стил.

Хаубата, предниот десен пневматик и фарот на целосно електричниот Volvo EX40.

Изразот на надворешноста на EX40 е дизајниран да оддава самодоверба и современост.

Заден приказ на целосно електричниот Volvo EX40.

Отворете ја електричната задна врата со движење на вашата нога под браникот.

Целосно електричниот Volvo EX40 прикажан од предниот дел.

Покриена решетка со координирани бои ја објавува електричната моќност на EX40.

Целосно електричниот Volvo EX40 паркиран и се полни.

Контрастниот црн покрив ги засилува наметливиот изглед и чувство на EX40.

Целосно електричниот Volvo EX40 прикажан од предниот дел.

Мешавината на елементите на надворешноста го навестува практичното и разиграно искуство на EX40.

Целосно електричниот Volvo EX40 паркиран и се полни.

Задниот приклучок за полнење кај крилото помага да се направи полнењето практично и познато.

Два дизајни на тркалата Diamond Cut го нагласуваат електричниот стил.

Пикселизираните LED фарови се достапни во целосно електричниот Volvo EX40.

Пикселизирани LED фарови во нашиот препознатлив дизајн Thor’s Hammer.

Задните светла на целосно електричен Volvo EX40.

LED светлата во нашите препознатливи задни светла додаваат високотехнолошко чувство на надворешноста.

Панорамскиот кров користи затемнето ламинирано стакло за зголемена удобност и безбедност.

Префинети конци на првокласниот волнен тапацир што е достапен во Volvo EX40.

Ентериерите на EX40 без кожа имаат одговорно произведени и рециклирани материјали.

Женски велосипедист ја приспособува позицијата на велосипед монтиран на автомобил Volvo.

Патувајте со самодоверба со велосипеди, користејќи го цврстиот носач кој е додаток на Volvo Cars.

Камера на контролната табла монтирана на автомобил Volvo.

Постојано снимајте го вашето возење со камера на контролната табла, додаток на Volvo Cars.

Отворениот багажник на Volvo EX40 открива простран и широк заден простор во делот за товар.

Пространиот багажник на EX40 ги олеснува вашите ненадејно планирани излети.

Погони од следната генерација

Возете подалеку и полнете побрзо со нашата следна генерација на електрични погони. Тие се конструирани да го зголемат досегот и да ги намалат времињата на полнење.

Погони од следната генерација

Подобрени времиња на досег и полнење во однос на претходните генерации на целосно електричните погони достапни во EX40 (формално, XC40 Recharge).

Моќно забрзување

Уживајте во моќното забрзување што го прави возењето забавно. EX40 е дизајниран да испорача целосно возачко искуство со нула емисии на издувни гасови.

Агилно управување

Изберете го погонот со еден мотор и добијте ги моќноста и агилноста на погонот на задните тркала. Изберете го двојниот мотор за да уживате во уште помоќни перформанси и искуство со погон на сите четири тркала.

Внатрешност

Мирна глава во вашиот напорен ден.

Современа кабина дизајнирана за удобност и возење со самодоверба.

Карактеристики

Паметна технологија за помирни патувања до работа. Функции за интуитивни контроли, поврзување и безбедност.

Спецификации

Целосни спецификации и детали за моделот

Поглед од птичја перспектива на целосно електричниот Volvo EX40.

Спецификации

Целосни спецификации и детали за моделот

Седишта

5

Спореди модели

Споредете го со други модели за да видите кој ви одговара.

Автомобилите на Volvo се прикажани од напред
Спореди модели

Конфигурирајте го вашиот EX40

Конфигурирајте го вашиот EX40 и видете приспособена цена.

Конфигурирај
Закажете тест возење

Закажете тест возење

Закажете тест возење

Почувствувајте го возењето на EX40.

Закажете тест возење
Финансирајте го вашиот автомобил

Финансирајте го вашиот автомобил

Погледнете ги опциите за финансирање

Откријте ги опциите за финансирање за вашиот EX40.

Погледнете ги опциите за финансирање

Дознајте повеќе за Volvo EX40

Можам ли да нарачам Volvo EX40 онлајн?

На некои пазари, нарачките во готовина и нарачките со претплата може да се направат онлајн. *Земете предвид дека цената е индикативна и може да биде предмет на промени пред испораката на автомобилот поради фактори што се надвор од наша контрола, како што се зголемени даноци, надоместоци, камати итн. Ќе бидете известени за какви било промени и можете да откажете во кое било време пред испораката.

Дали Volvo EX40 е истиот автомобил како целосно електричниот XC40 Recharge?

Да, тоа е истиот автомобил. Додадовме E за да претставува дека се работи за целосно електричен автомобил.

Дали Volvo EX40 е целосно електричен или е plug-in хибрид?

EX40 е целосно електричен SUV со пет седишта.

Колкав е досегот на Volvo EX40?

Проценетиот досег на целосно електричниот Volvo EX40 е до 580 km. Досегот зависи од различни фактори, како што се стилот на возење, надворешната температура, временските услови, ветерот, топографијата и условите на патот. Други фактори што влијаат врз досегот го вклучуваат количеството електрична енергија што го користите за функциите на автомобилот, како што се греењето и ладењето. Помогнете да се зголеми досегот преку претходно подготвување на батеријата кога се полни за да се достигне оптималната температура кога ќе започне вашето патување.

Која опрема ми е потребна за да наполнам Volvo EX40 дома?

Препорачуваме ѕидно сандаче на Volvo Cars. Тоа испорачува побрзо, поефикасно полнење отколку обичниот ѕиден приклучок. Ѕидните сандачиња имаат вграден држач за кабел и 5-метарски кабел за полнење со приклучок од тип 2 (IEC 62196), што ги прави компатибилни со целосно електричните автомобили Volvo.

Инсталирајте го вашето ѕидно сандаче во затворен или на отворен простор. Тој е отпорен на вода и можете да купите статив за да го монтирате ѕидниот приклучок таму каде што не е достапна ѕидна површина.Поврзете се со ѕидниот приклучок преку Wi-Fi за да ја видите состојбата на полнењето, да закажете полнење и друго користејќи го вашиот паметен телефон, компјутер или таблет. Динамичното LED осветлување на предниот дел од ѕидниот приклучок користи различни бои за да ви помогне лесно и практично да ја проверувате состојбата на полнењето.Дознајте повеќе за полнењето дома.

Како можам да го полнам мојот Volvo EX40 кога не сум дома?

Трошоците за електрична енергија флуктуираат низ пазарите и регионите, но тие постојано остануваат пониски од цените за дизел и бензин на светско ниво. Истовремено, инфраструктурата за полнење на јавни места се проширува додека новите оператори додаваат станици во својата мрежа.

Ние сме посветени на подобрување на искуството при полнењето за возачите на Volvo со тоа што ќе го направиме попрактично и поекономично. Тоа вклучува пристап до најголемите мрежи за полнење во Европа, САД и Кина и по преференцијални тарифи.

Практично можете да ги лоцирате полначите во близина што нудат ексклузивни тарифи за возачите на Volvo што ја користат Volvo Cars app.

Дознајте повеќе за полнењето на вашиот целосно електричен Volvo теренец.

Дали може Volvo EX40 да ми помогне да ја најдам најблиската станица за полнење?

Да. Во земјите каде што Google Maps вклучува станици за полнење, можете да пребарувате и да изберете јавни станици за полнење директно на централниот дисплеј. Користете ја Volvo Cars app кога тоа е попрактично.

Колкав е капацитетот за складирање на Volvo EX40?

Багажникот на EX40 има капацитет за носење до 578 литри, вклучувајќи го делот под подот за товар. Има простор од 31 литар под хаубата за предмети што сакате да ви бидат при рака, како што се каблите за полнење.

Колкав е влечниот капацитет на Volvo EX40?

EX40 може да влече до 1.800 kg.

Колку одржување и сервисирање е потребно за Volvo EX40?

Електричниот мотор во EX40 е доживотно запечатен и не бара одржување. Тоа значи дека на целосно електричниот EX40 му треба многу помалку одржување во споредба со автомобил со мотор на внатрешно согорување. Тоа може да доведе до помали трошоци за работа.

Дали Volvo EX40 е достапен за деловни корисници?

Да. Контактирајте со нашиот тим за возен парк за да разговараме како можеме да го донесеме EX40 во вашиот возен парк.

Дали Volvo EX40 има Apple CarPlay?

Да, Apple CarPlay е стандарден во целосно електричниот EX40.*   

*Apple CarPlay може да се користи само во комбинација со iPhone од моделот 5 или понова верзија. Apple CarPlay и iPhone се трговски марки на Apple Inc.

Дали постои гаранција за батеријата за Volvo EX40?

Гаранцијата на Volvo Cars ја покрива батеријата до осум години или 160.000 km (што и да дојде прво), под услов автомобилот и батеријата да се одржуваат и користат во согласност со препораките на Volvo Cars.

Како можам да знам дали батеријата на автомобилот била произведена на еколошки и општествено одговорен начин?

Volvo Cars одржува силен фокус на синџирот за достава на суровини за батериите за да се овозможи одговорно добавување материјали. Во 2019 година употребивме blockchain за да овозможиме следење од рудникот до автомобилот за кобалтот што се користи во нашите батерии. Оттогаш, опсегот се зголеми за да се вклучат никелот, литиумот, микашистот, графитот и следењето на јаглеродните емисии.

Ние исто така имаме програма за ревизија што ги покрива добавувачите во синџирот на добавување на батерии. Целта на програмата е да обезбеди добавувачите во сите нивоа на нашите синџири на добавување за кобалт, литиум, никел, микашист и графит да бидат во согласност со важечките стандарди и рамки и да се обезбеди постојано подобрување на перформансите во однос на ESG (животна средина, општество, владеење) во нашиот синџир на добавување на батериите. Ревизиите се спроведуваат во согласност со насоките на OECD за разумни чекори за одговорни синџири на достава на минерали од областите во кои има конфликт и висок ризик, како и во согласност со стандардот за критични барања за одговорно експлоатирање минерални ресурси на IRMA или еквивалентни шеми за рудници.Перформансите на одржливоста се клучна работа што ја земаме предвид при проценување и избирање на нашите добавувачи. Постојано ги следиме перформансите на нашите постоечки добавувачи и работиме со нив за подобрување на перформансите околу одржливоста на нашите производи и услуги.Прочитајте повеќе во Кодексот на однесување за деловните партнери на Volvo Car Group и годишен извештај и извештај за одржливоста на Volvo Car Group.

Што е Intelligent Speed Assist и како таа влијае врз возењето?

Intelligent Speed Assist е систем што ја подобрува безбедноста што се бара законски во Европа, а решението на Volvo Cars е дизајнирано да биде колку е можно побеспрекорно за возачот. Целта е да му се помогне на возачот да избегне несакано прекршување на правилата за брзина, на пример, кога влегува во нови зони за брзина или кога ограничувањата за брзина се разликуваат во зависност од времето во денот или од условите на патот. Системот постојано ги чита знаците за ограничување на брзината, заедно со податоци од картата.

Ако вие, како возач, го надминете законското ограничување на брзината, може да бидете известени преку звучен и визуелен сигнал. Исто така можете да го поставите системот автоматски да го забавува автомобилот ако возите пребрзо. Интелигентната помош за брзина е стандардно вклучена секој пат кога ќе го запалите автомобилот и таа се активира автоматски на брзини од над 20 km/h. Возможно е да се деактивира функцијата додека возите.

Земете предвид: Возачот секогаш е одговорен за тоа како се контролира автомобилот; ова е само функција за поддршка.

Целосно електричните Volvo EC40 и EX40 стојат паралелно во прекрасна средина на отворено.

Возете во ваш стил.

Стилот на EX40 и EC40 ги одделува еден од друг – но и од секој друг автомобил на патот.

Електричното возење е животен стил

Дознајте како да го направите електричното возење дел од вашата секојдневна рутина.

Полнење

Откријте колку е лесно да се наполни вашиот целосно електричен SUV дома и додека сте на пат.

Електрични автомобили Volvo

Истражете дел од истакнатите карактеристики што ги прават нашите целосно електрични автомобили Volvo препознатливи.

Прикажаните функции и апликации може да не бидат стандардни или достапни за сите степени на опрема и опции за погонот, пазари или модели.

Google, Google Play и Google Maps се заштитени трговски марки на Google LLC.