Изборот на автомобил оди заедно со изборот на адекватен начин на финансирање. Затоа, направивме сѐ за создадеме начин на финансирање кој ќе одговори на Вашите потреби. Се погриживме да имаме најдобра каматна стапка на пазарот во комбинација со најповолни услови за автомобилите од премиерната понуда.
Кон Вашите желби се прилагодуваме со понуда за финансирање која е обликувана токму според Вас! Тоа значи дека со Вас го договараме целиот начин на финансирање, неговото времетраење, висината на месечната рата и учеството, а ние се погриживме да ја обезбедиме најниската каматна стапка на пазарот.
Ако Вие се решите да купите нов Volvo автомобил, ние ќе се погрижиме целото искуство да биде максимално удобно. Целата процедура ќе ја завршиме во нашиот салон, каде ќе ги процесираме сите детали од продажбата, со што ќе Ви заштедиме време и пари.