На првиот ден како Главен извршен директор на Volvo Cars, Џим Роан ги сподели своите мисли за неговата нова улога, културата на компанијата и иднината на автомобилската индустрија.
Џим Роан се придружува на Volvo Cars како Главен извршен директор.
Здраво на сите,
Денес почнува ново поглавје во мојот живот. И многу сум возбуден околу тоа. Тоа што можам да се придружам на Volvo во овој момент, насред огромна преобразба, е многу инспиративно.
Па, кога луѓето ме прашуваат, „Зошто се придружи на Volvo?“, тоа е мојот одговор. Едноставно многу ме инспирира таа можност. Да се биде дел од нашето заедничко патување во претстојните години, да се соработува со сите вас во создавањето компанија што е водач во мобилноста од следната генерација и да се однесе компанијата во нови височини е нешто на коешто навистина се радувам.
Иако сум вљубеник во инженерството и технологијата, не сум типичен тип што сака коли. Мислам дека тоа е добра работа. Во Volvo има многу луѓе што ја знаат автомобилската индустрија во детали и ги имаат сите соодветни вештини. Не сум ви потребен за тоа!
Јас се надевам дека ќе придонесам со знаење и искуство од индустријата за високотехнолошки потрошувачки производи, додека ја правиме преобразбата кон мобилноста од следната генерација. Ако го споиме тоа со талентот и знаењето што ги изградивме во Volvo во текот на минатите 95 години и ако ги поврземе на правилен начин, мислам дека тоа ќе биде многу моќна комбинација.
Секогаш ќе ги имаме нашата историја и нашето педигре. Луѓето му веруваат на брендот Volvo и знаат дека тој претставува нешто автентично и искрено. Никој не може да го реплицира тоа. Но, јазикот и очекувањата на автомобилската индустрија од следната генерација се менуваат. Порано сѐ се вртеше околу коњските сили и цилиндрите. Сега сѐ повеќе се работи за вградената технологија што ги олеснува работите и ги прави попрактични за нашите клиенти. Јазикот стана многу поинклузивен и попрогресивен, што е добра работа.
Секогаш ќе ги имаме нашата историја и нашето педигре. Луѓето му веруваат на брендот Volvo и знаат дека тој претставува нешто автентично и искрено. Никој не може да го реплицира тоа. Но, јазикот и очекувањата на автомобилската индустрија од следната генерација се менуваат.
Нашата цел го кажува тоа многу добро: сакаме да им понудиме на луѓето слобода да се движат на безбеден, одржлив и личен начин. Многу мотивира доколку ја сфатиме мобилноста како ослободена од јаглеродни емисии и доколку сме одговорни кон таа транзиција. Не се работи само за правилната работа за Volvo, туку уште поважно е што тоа е правилната работа за општеството.
Ова е нашиот момент да покажеме дека безбедноста на луѓето ја сфаќаме исто толку сериозно како што ја сфаќаме безбедноста на планетата. Две работи што никогаш не биле поважни и што ќе продолжиме да ги правиме уште повеќе. Нашиот пристап кон 100% електрификација и безбедно воведување автономен погон ја активираше целата компанија и тоа ќе го постигнеме заедно. Но, во автомобилите од следната генерација, мислам дека личниот елемент ќе биде поважен од кога било. Директното поврзување со нашите клиенти ќе стане огромен овозможувач на одржлив, профитабилен раст и ќе му додаде вредност на нашиот бренд.
Кога ќе купите Volvo или ќе се претплатите на некој негов автомобил, ќе добиете робустен, сигурен и безбеден автомобил со висок квалитет. Тоа нема никогаш да се смени: ќе продолжиме да инвестираме и да правиме иновации во сите основни компетенции што ги изградивме во текот на неколку децении. Сепак, ако на тоа додадеме целокупно и беспрекорно искуство на Volvo за нашите клиенти, можеме да создадеме бренд што ќе го избираат во текот на целиот свој живот. Мобилност што не само што ве заштитува вас, вашите сакани и природата, туку овозможува и уживање, практичност и целосна доверба.
Конечно, само неколку збора за нашата култура. Довербата ми е важна. Сакам ова да биде компанија што им верува на своите луѓе дека ќе си ја завршат работата, култура што обезбедува еднакви можности за сите, каде што нашите луѓе имаат можност да ги користат своето расудување и вештини за да помогнат во испорачувањето на нашите клучни цели.
Тоа значи и дека ние сме компанија што ја заслужила вербата на своите луѓе. Компанија што е тука за вас кога ви треба поддршка, каква и да е таа. А ако нешто треба да тргне наопаку, сакам сите да чувствуваат доверба за да проговорат и да побараат помош и насоки за решавање на проблемот. Ќе победиме како тим: без посочување прсти, без меѓусебно обвинување, ајде сите да се фокусираат на мисијата.
Како и да е, доста зборувавме засега. Можно е да треба да бидете малку трпеливи со мене во следниве седмици додека да се привикнам на позицијата, ама планирам да ги посетам сите наши операции и брзо да го фатам темпото. Едвај чекам да ве запознаам и да ја започнам оваа авантура заедно со вас.
Џим