Недостатокот на материјали продолжува да носи предизвици во автомобилската индустрија, а ние не сме исклучок. И покрај проблемите, можеме да пријавиме историски рекорд – и се работи за нашите автомобили Recharge!
Продажбата на нашата линија Recharge на автомобили на електрично полнење постигна рекорден максимум во август.
Веројатно сите бевме подготвени да ја повлечеме фразата „невообичаена година“ по 2020 година, ама изгледа дека сѐ уште не можеме да се ослободиме од нејзе. Претходно годинава бевме во полн ек, пријавувавме раст на продажбата и поставувавме нови рекорди, месец за месец. Месецов, целокупните бројки не се баш позитивни како во првата половина од годината, ама сепак имаме историски рекорд за вас – па ајде да ја погледнеме нашата продажба на Recharge.
Оваа година таа е силна, а тој тренд продолжува да се гради: во август тие претставуваа 24,2 проценти од сите автомобили продадени во месецот. А во Европа, неверојатни 47 проценти од сите автомобили продадени во регионот беа од линијата Recharge, што е најголемиот удел што сме го пријавиле досега. Нашите модели на електрично полнење се покажаа како особено популарни во Холандија, Велика Британија и Белгија месецов затоа што беа најголемите придонесувачи за нашата зголемена продажба на Recharge во Европа.
Нашата глобална продажба достигна 45.786 автомобили во август, што е намалување од 10,6 проценти во споредба со истиот период лани. Но, тоа не е поради недостаток на интерес – сѐ уште можеме да видиме дека целокупната побарувачка во автомобилската индустрија, како и за нашите автомобили, отанува прилично голема.
Главната причина за падот е недостатокот на материјали: од средината на јули, затворањата на добавувачите поради Ковид 19 во Југоисточна Азија, особено во Малезија, ја влошија веќе влошената ситуација со добавките. Овие недостатоци на материјали доведоа до привремени стопирања на производството во нашите објекти во Шведска, Белгија, Кина и САД, со намалени обеми на производство како последица на тоа.
„Целокупната побарувачка за нашите автомобили останува многу голема“
Нашите моментални очекувања се дека во втората половина од 2021 година, ќе биде предизвикувачки да се исполнат нивоата за обемите што ги постигнавме во истиот период во 2020 година. Ова секако ќе има влијание врз нашите приходи и профитот, но нашите изгледи за целата 2021 година сепак остануваат.
Кога се работи за нашите три клучни региони, САД е единствениот со зголемување минатиот месец. Тука на клиентите особено им се допадна XC90, што беше предводник на графиконот за продажбата месецов, а по него беше XC60. И покрај силната побарувачка и примање нарачки, Кина пријави двоцифрено намалување во август, исто како и Европа – а главните причини за тоа се претходно споменатото ширење на Ковид-19 во Југоисточна Азија, недостатокот на материјали и намалените обеми на производство.
Сето ова значи дека првпат во првите осум месеци од годината, сега сме на 483.426 автомобили продадени низ целиот свет – зголемување од 26,1 процент во споредба со истиот период лани.
Погледнете детална анализа на регионалната продажба подолу:
+----------+----------+----------+----------+------------+------------+----------+
| |август | | |јануари- | | |
| | | | |август | | |
+----------+----------+----------+----------+------------+------------+----------+
| | 2020 | 2021 | Промена | 2020 | 2021 | Промена |
+----------+----------+----------+----------+------------+------------+----------+
| Европа | 17.493 | 13.052 | -25,4% | 169.427 | 202.282 | 19,4% |
+----------+----------+----------+----------+------------+------------+----------+
| Кина | 15.835 | 13.112 | -17,2% | 95.986 | 122.914 | 28,1% |
+----------+----------+----------+----------+------------+------------+----------+
| САД | 10.378 | 10.686 | 3,0% | 63.330 | 86.015 | 35,8% |
+----------+----------+----------+----------+------------+------------+----------+
| Други | 7.533 | 8.936 | 18,6% | 54.749 | 72.215 | 31,9% |
+----------+----------+----------+----------+------------+------------+----------+
| Вкупно | 51.239 | 45.786 | -10,6% | 383.492 | 483.426 | 26,1% |
+----------+----------+----------+----------+------------+------------+----------+