Како звучи Volvo Cars?

Нашите автомобили можеби се познати по своите тивки кабини, но како звучи компанијата Volvo Cars? Се здруживме со шведскиот аудио дизајнер Мартин Аберг за да ги доловиме секојдневните звуци на Volvo Cars.

Уживајте во звукот на Volvo Cars

Звукот е моќна работа. Не само што има капацитет да предизвика живи сеќавања и да опушта, тој може и длабоко да ги допре нашите чувства. Со звукот можеме да создадеме и одржуваме баш такви силни емоционални врски какви што посакуваме – и со нашите посветени вработени, и со нашите ценети клиенти. Накратко, звукот може да игра клучна улога во нашата потрага по создавање длабока поврзаност.


Здружувајќи ги силите со шведскиот аудио дизајнер Мартин Аберг, се обидуваме да ги документираме секаквите секојдневни звуци што го дефинираат седиштето на Volvo Cars во Гетеборг. Од звуците на трепкачите, сирените и кликнувањата на сигурносните појаси во нашите автомобили, до поамбиенталните звуци, како што се муабетите во рестораните, звуците на фабричките машини и ехото во салите за состаноци.


„Бев воодушевен од идејата за соработка на аудио проект со Volvo Cars“, изјави Мартин Аберг. „Како некој со голем интерес за создавање амбиентални звуци, посетата на објектите на Volvo во Торланда и доживувањето на нивниот звучен амбиент ми претставуваше вистинска привилегија.“

„Во седиштето на Volvo Cars во Гетеборг, има видливо меѓународно влијание“, рече Мартин. „Луѓето зборуваат англиски со различни акценти, а шведскиот се зборува на многу различни начини. Тоа е динамична работна средина, и во смисла на луѓето, и во смисла на машините. Присуството на морето и природата исто така придонесуваат за ова. За тие што се чувствителни на звуци, оваа работна средина може да обезбеди чувство на спокој.“

Музика за вашите уши

Овој проект е можност за клиентите, како и за моменталните и идните вработени, да погледнат како може да изгледа животот во Volvo Cars преку звукот, а можеби и ќе гледаат на нас од повеќе аспекти, а не само како производител на автомобили. Но, исто така се надеваме и дека ќе ја зголемиме свеста за брендот кај новата публика на креативци.


Затоа ги правиме сите звуци достапни како дел од бесплатна звучна платформа создадена од компанијата за музички софтвер Klevgränd. Сите звуци може да се преземат и користат од страна на секој што сака да создава сопствена музика, поткасти и видеа.


„Сакаме на нас да гледаат како на посакуван работодавач преку усвојување иновативни и оригинални пристапи“, рече Лела Ампаро која го предводи овој проект од страната на Volvo Cars. „Тоа навистина претставува продолжување на нашата приказна, звучен одраз на ДНК-та стара речиси цел век.“


Но, пред да ви ги дадеме сите детали за звучната платформа, ајде одблиску да го погледнеме процесот на собирање на сите звуци на Volvo Cars.


Доловување на звуците на Volvo

На еден сончев есенски ден, Мартин Аберг кој обично своето време го посветува на компонирање музика и работа на звучен дизајн за реклами, филмови и видео-игри, се прошета во областа на Торсланда со микрофони и слушалки.


По посетата на канцелариите и раздвижената кафетерија каде што ручаа вработените од целиот свет, тој замина во музејот на Volvo каде што посетителите можат да ги видат нашата историја и наследство. Покрај сите автомобили до кои се доближи Мартин, еден особено му остави впечаток: црвен Volvo 242DL од 1973 година.


„Овој автомобил содржи најмногу од работите што ме фасцинираат кога се работи за звукот: антени, касетофони, седишта со перничиња и копчиња со специфичен звук што современите автомобили го немаат“, кажа Мартин. „Исто така, препознатливиот звук на цврсто повлечената рачна сопирачка во стар Volvo кај многумина претставува асоцијација за безбедно паркиран автомобил. Тоа е интересен контраст во однос на футуристичкиот звук на новиот Volvo EX30, каде што слушате само нежен хидрауличен тон.“


Кога Мартин заврши за тој ден, тој беше повеќе од сигурен дека успеал да го долови звукот на Volvo Cars.


„Во седиштето на Volvo Cars во Гетеборг, има видливо меѓународно влијание“, рече тој. „Луѓето зборуваат англиски со различни акценти, а шведскиот се зборува на многу различни начини. Тоа е динамична работна средина, и во смисла на луѓето, и во смисла на машините. Присуството на морето и природата исто така придонесуваат за ова. За тие што се чувствителни на звуци, оваа работна средина може да обезбеди чувство на спокој.“


Приклучете се и пуштете погласно

Звучната платформа содржи 146 различни звуци со коишто можете да експериментирате и секако, сето тоа е 100 отсто бесплатно.


За најдоброто искуство на звучната платформа, користете го вашиот десктоп компјутер со звучници или слушалки.


Можете да ја најдете звучната платформа тука. Уживајте во звукот на Volvo Cars!

Сподели