Во секој Volvo автомобил, формата, функцијата и техничките иновации се во совршена хармонија. Тоа особено важи за нашиот претстоен целосно електричен Volvo EX90.
Volvo EX90
Нашиот скандинавски дизајнерски пристап е едноставен. Овој нов SUV предводник е дизајниран со единствена цел: да биде елегантен, ефикасен и целосно електричен семеен автомобил, со повисок стандард на безбедност од кој било Volvo автомобил пред него.
Но, како што многупати докажаа нашите дизајнери и генерации други скандинавски дизајнери, практичноста и безбедноста не мора да доаѓаат на сметка на естетиката.
Еден од најистакнатите примери е вклучувањето на LiDAR, кој е дел од стандардната опрема на Volvo EX90. LiDAR е систем за далечинска детекција што користи импулсен ласер за прецизно мерење растојанија и може, на пример, да открие пешаци на растојание до 250 метри.
Додека работиме на воведување автономно возење без надзор, LiDAR е еден од нашите безбедносни темели.
„Тоа беше дизајнерски предизвик да се интегрира LiDAR на начин што изгледа добро и е оптимален за неговата безбедносна употреба“, вели Т. Џон Мејер, нашиот раководител за надворешен дизајн. „Тоа се очите на автомобилот, и додека би можеле да ги имате околу решетката – што би било еквивалентно на тоа да имате очи на колената – има многу повеќе смисла да ги имате што е можно повисоко на главата за да можете да гледате што е можно повеќе. Затоа, заедно со нашите инженери, одлучивме да го интегрираме во линијата на покривот за да ја зголемиме неговата ефикасност.“
Аеродинамичност за подобар досег
При обликувањето и формирањето на надворешноста на електричниот автомобил, тоа претставува можност да се користи дизајнот за да се зголеми неговата ефикасност.
Добриот електричен автомобил има лизгава, мазна и аеродинамична површина – аеродинамичното влечење е непријател на ефикасноста. Го дизајниравме Volvo EX90 со желба да го оптимизираме неговиот досег, фокусирајќи се на намалување на отпорот на влечење и отпорот на ветер.
Елегантниот и заоблен преден дел, во комбинација со елементите, како што се интегрираното застаклување и рачките на вратите, обезбедува непречен проток на воздух кон задниот дел на возилото. Тоа се работи што влијаат врз т.н. коефициент на влечење, кој се користи за илустрација на аеродинамичната ефикасност на автомобилот.
Благодарение на овие надворешни дизајнерски решенија, Volvo EX90 има коефициент на отпор од 0,29 - за неупатените, тоа е многу поволна вредност за голем SUV со седум седишта.
Volvo EX90
„Кога го дизајниравме Volvo EX90, се инспириравме од дизајнот на јахтата за да ги истакнеме неговите прекрасни и елегантни пропорции“, вели Т. Џон Мајер. „Предниот дел е горд и сигурен - инспириран од способноста на едрилицата да ги пресекува брановите на океанот. Покрај тоа, генерално е позаоблен, што овозможува поефикасен проток на воздух околу автомобилот“.
Спокојна и дискретна самодоверба
Изворот на инспирација за многу дизајнерски одлуки на Volvo EX90 се враќа во нашите скандинавски корени.
Долгите и светли денови на скандинавските лета, кои се пресликуваат во темните и мрачни зими при промената на годишните времиња, нè инспирираа за панорамскиот покрив и многу стакло во кабината, што пропушта колку што е можно повеќе светлина.
Овие зими не се само темни, туку и студени. Кога замислуваме дека надвор е студено, лесно е да замислиме пријатен камин.
„Вложивме многу напор за осветлување на внатрешноста на EX90 за да создадеме топла внатрешност и малку постудена надворешност“, вели Т. Џон Мајер. „Исто така, има врска со тоа како луѓето во Скандинавија би можеле да бидат перцепирани. Имаат мирна и воздржана самодоверба, која на прв поглед може да изгледа студена, но кога ќе ги запознаете луѓето, сфаќате дека навистина се топли. Таа доверба се обидуваме да ја изразиме и во нашите автомобили“.
Претстојниот Volvo EX90 ќе биде претставен на 9 ноември во Стокхолм.