Доведете го до максимум досегот во вашиот електричен автомобил за време на зимата

Однапред загрејте ја батеријата, проверете го притисокот во пневматиците и правилно поставете ја температурата во кабината – откријте ги нашите најдобри совети за користење на вашиот електричен автомобил ефикасно во зима.

Црвен автомобил Volvo како вози на пат со снег

Видете ги нашите совети за поефикасно возење во зима.

Прво исчеткајте и изгребете

Пред да тргнете на пат, исчеткајте ги снегот и мразот од автомобилот за да избегнете влијание врз аеродинамичноста и да спречите какво било влијание врз вашиот досег поради додадената тежина. Возењето автомобил со дебел слој снег исто така може да им попречи на прегледноста и на светлата, што влијае врз вашите перформанси при возењето. Мразот и снегот може побавно да се топат на електричен автомобил затоа што нема топлина од моторот со внатрешно согорување.


Претходно загрејте го автомобилот

Знаеме дека сме кажале и претходно, но не е на одмет да повториме – не заборавајте претходно да го загреете вашиот електричен автомобил. Топлата батерија не поминува низ процесите што непотребно трошат енергија за да ги најде своите најдобри работни услови. Доколку е можно, секогаш паркирајте го автомобилот во загреана гаража. Тоа ви штеди енергија во споредба со паркирањето надвор, на ладно.


Исто така, размислете за тоа однапред да го загреете автомобилот додека се полни. За разлика од автомобилите со мотор на внатрешно согорување, не морате да се грижите за издувните емисии кога однапред загревате електричен автомобил во затворени простори.

Кога ќе го сопрете вашиот електричен автомобил, батеријата обично е топла и е на оптимални услови за примање енергија. Па, поврзувајте го вашиот електричен автомобил директно на станица за полнење пред да се излади премногу.

Откако автомобилот ќе се загрее, батеријата нема потреба да користи дополнителна енергија за загревање на кабината. Кога батеријата е топла, таа може ефикасно да ја прифати енергијата што се создава од возењето со еден педал кога го започнувате патувањето.


Внимавајте на притисокот во пневматиците

Човек вози автомобил Volvo на пат со снег

Функцијата Range Assistant во вашите електрични автомобили Volvo помага да препознаете возни услови што трошат многу енергија.

На ладно време, притисокот во пневматиците може да се намали, што доведува до поголем отпор на патот и повисока потрошувачка на енергија. Па, задолжително внимавајте на притисокот во пневматиците во зима за да го доведете до максимум досегот на возење.


Користете грејачи за седиштата и воланот

Не морате секогаш да ја загревате целата кабина за да обезбедите пријатна средина за возење на ладно време. Грејачите за седиштата и воланот се енергетски ефикасни и можат да обезбедат пријатна клима без да се загрева целата кабина.


Активирајте го оптимизирањето на досегот

Упатете се кај централниот дисплеј на вашиот електричен Volvo и најдете го „Range Assistant“. Откако ќе дојдете таму, побарајте ја функцијата „оптимизирање на досегот“. Кога ќе ја вклучите, поставувањата за климата автоматски ќе се приспособат за да се штеди енергија и да се доведе до максимум досегот на електричниот автомобил. Имајте на ум дека функцијата автоматски се исклучува кога батеријата е со наполнетост од над 50 отсто.


Возете на исчистени и рамни патишта

Секогаш обидувајте се да избегнувате неисчистени патишта со снег за подобра енергетска ефикасност. Користете ја функцијата Range Assistant во вашите електрични автомобили Volvo за да препознаете возни услови што трошат многу енергија.


Возете рамномерно и планирајте однапред

Одржувајте рамномерна брзина и избирајте нежно сопирање наместо нагли и силни сопирања. Ова не само што помага да се зголеми вашиот досег за возење, туку ја подобрува и сообраќајната безбедност во зимски услови.


Мудро користете го режимот на еден педал

Режимот One Pedal Drive со своето регенеративно сопирање е практична и енергетски ефикасна функција за градско возење и возење со помали брзини.


Сепак, кога возите со поголеми брзини како што е возењето на автопат, енергетски е поефикасно да возите со темпомат и да го сведете на минимум непотребното сопирање. Иако регенеративното сопирање може да поврати дел од енергијата, тоа секогаш бара повеќе енергија за да забрза назад на претходната брзина.


Полнете колку е можно поскоро

Кога ќе го сопрете вашиот електричен автомобил, батеријата обично е топла и е на оптимални услови за примање енергија. Па, поврзувајте го вашиот електричен автомобил директно на станица за полнење пред да се излади премногу.


Полнете секогаш кога можете

Ако застанете за починка или на бензинска станица со достапно место за полнење, приклучете го автомобилот, дури и доколку нивото на батеријата е добро. Ова ќе ве подготви за безгрижно патување и ќе ја намали потребата за подолги паузи за полнење понатаму. Имајте на ум дека многу компании за полнење нудат опции за брзо полнење.


Се надеваме дека овие совети беа корисни и ви посакуваме безбедно и ефикасно возење зимава.

Сподели