Како да го проверите притисокот во пневматиците

Откријте како да го проверите притисокот во пневматиците на вашиот автомобил Volvo. Најдете совети и трикови за тоа како да избегнете низок PSI и да го продолжите траењето на пневматиците.

Делумен страничен приказ на автомобил Volvo EX90 во vapour grey боја

Важно е да се одржува правилен притисок во пневматиците.

Како горд сопственик на автомобил Volvo, обезбедувањето оптимални перформанси и безбедност на вашиот автомобил несомнено претставува врвен приоритет. Иако редовното одржување е клучно за сите аспекти од перформансите на вашиот автомобил Volvo, една област што никогаш не треба да се занемари е притисокот во пневматиците.


Оваа статија ќе ја потенцира важноста од редовно проверување на притисокот во вашите пневматици, предностите од поседувањето систем за следење на притисокот во пневматиците (TPMS) и како ефективно да се користи инструмент за мерење на притисокот во пневматиците. Разбирајќи ја важноста од одржувањето правилен притисок во пневматиците, можете да го подобрите вашето искуство при возењето и да го продолжите траењето на пневматиците на вашиот автомобил Volvo.

TPMS користи сензори за да обезбеди информации во реално време за притисокот во вашите пневматици, известувајќи ве за какви било отстапувања од препорачаните нивоа.

Важноста на притисокот во пневматиците


Одржувањето на правилниот притисок во пневматиците е од клучно значење поради неколку причини. Прво, соодветниот притисок во пневматиците обезбедува оптимално ракување и стабилност, подобрувајќи ги целокупните перформанси на вашиот автомобил.


Второ, правилниот притисок во пневматиците ја подобрува потрошувачката на гориво, што може да ви заштеди пари на бензинската станица и да помогне во намалување на влијанието врз животната средина.


На крајот, одржувањето правилен притисок помага да се спречи предвремено и нерамномерно абење на пневматиците, што влијае врз перформансите и може да ја загрози вашата безбедност на патот.


Што се смета за низок притисок во пневматиците?


Препорачаниот притисок во пневматиците за вашиот автомобил може да се најде во вашиот прирачник, на лепенката на страничниот дел или на работ од вратата од страната на возачот. Притисокот во пневматиците се мери во фунти на квадратен инч (PSI) и доколку е понизок од препорачаниот PSI, тоа се смета за низок притисок во пневматиците.


Колкав е препорачаниот PSI за притисок во пневматиците?


Препорачаниот PSI за притисок во пневматиците варира во зависност од тоа кој модел на автомобил Volvo возите. Проверете ја долунаведената табела за да видите што важи за вашиот автомобил.


Водич за притисок во пневматиците на автомобил Volvo (максимално оптоварување)


Целосно електричен EX90

Големина на пневматик: 235/60 R18, 235/55 R19, 275/40 R21, 275/35 R22, 275/45 R20

Притисок: предни 41, задни 41


Целосно електричен XC40

Големина на пневматик: 235/50 R19, 255/45 R19, 235/45 R20, 255/40 R20

Притисок: предни 41, задни 41


Целосно електричен C40

Големина на пневматик: 235/50 R19, 255/45 R19, 235/45 R20, 255/40 R20

Притисок: предни 41, задни 41


Plug-in хибрид XC90

Големина на пневматик: 235/55 R19, 275/45 R20, 275/40 R21, 275/35 R22

Притисок: предни 42, задни 42


Plug-in хибрид XC60

Големина на пневматик: 235/60 R18, 235/55 R19, 255/45 R20, 255/40 R21, 265/35 R22

Притисок: предни 39, задни 39


Plug-in хибрид XC40

Големина на пневматик: 235/55 R18, 235/50 R19, 245/45 R20, 245/40 R21

Притисок: предни 38, задни 38


Plug-in хибрид V90

Големина на пневматик: 245/45 R18, 255/40 R19, 245/40 R20

Притисок: предни 39, задни 39


Plug-in хибрид V60

Големина на пневматик: 235/45 R18, 235/40 R19

Притисок: предни 41, задни 41


Plug-in хибрид S90

Големина на пневматик: 245/45 R18, 255/40 R19, 245/40 R20

Притисок: предни 39, задни 39


Plug-in хибрид S60

Големина на пневматик: 235/45 R18, 235/40 R19

Притисок: предни 41, задни 41


Придобивките од систем за следење на притисокот во пневматиците (TPMS)

Поглед однатре на контролната табла на автомобил Volvo со информации прикажани на системот за забава во автомобилот.

Со TPMS, полесно е да се следи притисокот во вашите пневматици.

Автомобилите Volvo се опремени со софистициран систем за следење на притисокот во пневматиците (TPMS) што постојано го следи притисокот на сите четири пневматици.


TPMS користи сензори за да обезбеди информации во реално време за притисокот во вашите пневматици, известувајќи ве за какви било отстапувања од препорачаните нивоа.


Овој напреден систем обезбедува да имате прецизни и итни повратни информации, што ви овозможува веднаш да реагирате и да одржите оптимален притисок во пневматиците. Користејќи го TPMS, можете проактивно да реагирате на какви било флуктуации во притисокот и да го сведете на минимум ризикот од незгоди или оштетување на пневматиците поради издишаност или преголема напумпаност на пневматиците.


Што е инструментот за мерење на притисокот во пневматиците?


Ќе ви треба инструмент за мерење на притисокот во пневматиците за рачно да го проверувате притисокот во пневматиците. Ова е алатка што го мери воздушниот притисок во вашиот пневматик. Постојат два типа инструменти за мерење на притисокот во пневматиците: дигитален и аналоген. И двата типа се еднакво прецизни, но дигиталните инструменти се полесни за читање.


Користење на инструментот за мерење на притисокот во пневматиците: Детален водич


Иако TPMS е од непроценливо значење, да имате при рака сигурен инструмент за мерење на притисокот во пневматиците, како што беше спомнато, е клучно за повремените рачни проверки. Еве детален водич за тоа како ефективно да користите инструмент за мерење на притисокот во пневматиците:


  1. Паркирајте го автомобилот на рамна површина и осигурете се дека пневматиците се ладни.
  2. Земете го вашиот инструмент за мерење на притисокот во пневматиците и отстранете го капачето од вентилот на едниот пневматик.
  3. Цврсто притискајте го инструментот на вратот на вентилот сѐ додека на слушнете мало шуштење поради излегување воздух.
  4. Инструментот ќе ви даде отчитување на притисокот во пневматикот. Запомнете го бројот.
  5. Повторете го процесот за секој пневматик, вклучувајќи го и резервниот, доколку е применливо.
  6. Споредете ги отчитувањата со препорачаниот притисок во пневматиците што е наведен во вашиот прирачник од Volvo.
  7. Доколку отчитувањата се под или над препорачаните нивоа, приспособете го притисокот соодветно користејќи воздушен компресор или испуштајќи воздух.
  8. Цврсто поставете ги капачињата на вентилите откако ќе се постигне правилниот притисок.


Редовни проверки на притисокот во пневматиците: Клучно за оптимални перформанси


За да одржувате оптимални перформанси и безбедност, редовната проверка на притисокот во пневматиците на вашиот автомобил Volvo е од клучно значење. Еве неколку клучни предлози за воспоставување ефективна рутина за одржување на притисокот во пневматиците:


Како да препознаете дупнување


Дупнувањата на пневматиците се релативно вообичаен проблем за возачите. Дупнувањето може да биде предизвикано од различни фактори, вклучувајќи возење преку клинец или друг остар предмет. За да препознаете бушење, може да забележите една или повеќе од следниве работи:


  1. Ненадејна загуба на притисок во пневматикот
  2. Звук на шуштење од пневматикот
  3. Видлива дупка во пневматикот
  4. Чувство на вибрирање или тресење при возењето

Како да поправите дупнат пневматик


Ако имате дупнат пневматик, треба да го поправите или замените. Препорачуваме да закажете сервисирање со професионалец на Volvo за замена на пневматикот. Ако го сторите тоа, можете да бидете сигурни дека ќе добиете помош од некој што го познава вашето возило и ќе се осигури дека вашиот пневматик или ќе биде поправен, или ќе биде заменет со нов.


Одржување на безбедноста и продолжување на животниот век на пневматиците


Преку следење и одржување правилен притисок во пневматиците, можете да помогнете да се поддржи безбедноста за вас самите, за вашите сопатници и за другите учесници во сообраќајот. Соодветниот притисок го намалува ризикот од незгоди, ја подобрува стабилноста и овозможува оптимално сопирање и управување.


Дополнително, избегнувањето пневматиците да бидат издишани или премногу напумпани ја сведува на минимум веројатноста од дупнување на пневматиците и го зголемува животниот век на пневматиците на вашиот автомобил Volvo. Ова го подобрува вашето искуство при возењето и помага да се заштеди на трошоци за замена. Останете проактивни, останете безбедни и уживајте во патувањето во вашиот автомобил Volvo.

Сподели