Нашата нова генерација на автомобили треба да ги има најбезбедните автомобили што некогаш сме ги направиле и ќе ја претстави нашата прва целосно автономна карактеристика.
Идните Volvo автомобили ќе станат сѐ поспособни да го поддржуваат возачот во критични ситуации за безбедноста.
Една фраза што многу пати сте ја чуле во последно време е дека за Volvo одржливоста е битна исто колку и безбедноста. Тоа очигледно значи дека многу се грижиме за животната средина, но исто така имплицира и дека нема да заборавиме ни на безбедноста во создавањето на нашите автомобили од следната генерација. Всушност, се обидуваме да поставиме нов стандард за автомобилската безбедност.
Се прашувате како ќе го направиме тоа? Започнувајќи со целосно електричниот наследник на нашиот главен модел XC90, што ќе биде претставен во 2022 година, нашите идни автомобили ќе доаѓаат со сензори со напредна технологија, вклучувајќи ја технологијата LiDAR и компјутер за автономно возење (AD), како стандард.
Овие карактеристики се развиени од два од нашите технолошки партнери во Калифорнија. Овие сензори LiDAR се заслуга на нашите пријатели во Luminar, додека големите мозоци во NVIDIA ни ја додадоа нивната NVIDIA DRIVE Orin технологија за систем на чип за напојување на AD компјутерот.
LiDAR е идеална основа за безбедно носење одлуки во сложени средини со големи брзини поради тоа што е тип на технологија заснована на ласер што ги мери растојанијата до цели што се наоѓаат стотици метри понапред. Суперкомпјутерската технологија од NVIDIA може да прави МНОГУ пресметки во секунда, обезбедувајќи нашите автомобили да можат да обработуваат бројни постојани внесови од LiDAR и други сензори.
Ако го споите целиот тој блескав хардвер со софтверот што го направија нашите програмери во нашата сестринска компанија Zenseact и во Luminar, како и со следната генерација на нашата технологија за избегнување судири, ќе добиете непобедлива комбинација.
Очекуваме овој нов пакет за безбедност да ги намали смртните случаи и несреќите во целина. Всушност, преку аплицирање на софтверските ажурирања преку етер, можеме да претставиме нови технологии и дополнително да го подобруваме нашиот пакет за безбедност со текот на времето.
„Volvo Cars е и секогаш бил водач во полето на безбедноста. Сега ќе го дефинираме следното ниво на автомобилска безбедност“, вели Хакан Самуелсон, нашиот Главен извршен директор. „Со тоа што ќе го имаме овој хардвер како стандард, можеме постојано да ги подобруваме безбедносните карактеристики преку етер и да воведуваме напредни автономни погонски системи, што ќе ја зајакне нашата водечка улога во полето на безбедноста.“
„Очекуваме овој нов пакет за безбедноста да ги намали смртните случаи и несреќите во целина“
Откако овие технологии ќе бидат во нашите автомобили, очекуваме тие да се подобруваат со текот на времето. Автомобилот ќе стане сѐ поспособен да го поддржува возачот во ситуации што се критични за безбедноста, па дури и да интервенира кога тоа ќе биде апсолутно потребно. Сето ова нѐ води уште поблиску до нашата визија за иднина без судири.
„Во нашата амбиција за произведеме уште побезбедни автомобили, наша долгорочна цел е да постигнеме нула судири и целосно да ги избегнеме сообраќајките“, објасни Хенрик Грин, нашиот Главен директор за технологија. „Како што постојано ја подобруваме нашата технологија за безбедност преку ажурирања во етер, очекуваме судирите да станат сѐ поретка појава и се надеваме дека ќе спасиме повеќе животи.“
Покрај тие високотехнолошки сензори и AD компјутер, целосно електричниот наследник на XC90 исто така ќе пристигне со резервни системи за клучните функции како што се управувањето и сопирањето. Тие го прават автомобилот хардверски подготвен за безбедно, автономно возење без надзор откако ќе станат достапни.
Нашата прва (опционална) карактеристика за автомономно возење се нарекува Highway Pilot и е развиена во рамките на нашата компанија, со нашата компанија за развој на AD софтверот, Zenseact. На патиштата и локациите што се потврдени како безбедни за возење во автономен режим, ќе можете да се опуштите и да му дозволите на автомобилот целосно да се грижи за возењето.
Нашиот нов пакет за технологија за безбедност е добра илустрација на нашиот целокупен пристап кон развојот на технологијата. Наместо да се обидуваме сѐ да правиме самите, се здружуваме со најдобрите компании во нивните соодветни полиња и се обидуваме да ги направиме најдобрите можни автомобили. Тоа исто така ни дава технолошка основа што ни овозможува да бидеме еден од најбрзо растечките производители на автомобили во индустријата што доживува нагла преобразба.
Погледнете ја целата содржина од нашиот најнов Tech Moment, што објаснува како ќе ја постигнеме нашата целосно електрична иднина.