Мал, а сепак моќен: поздравете го целосно електричниот мал SUV Volvo EX30!

Како мал SUV што прави големи Volvo работи, нашиот нов целосно електричен Volvo EX30 е дизајниран да биде безбеден како што се очекува од нас. Тој е дизајниран да го има најмалиот отпечаток на CO2 во споредба со кој било Volvo автомобил досега и да ги направи животите на луѓето побезбедни, попрактични и поудобни преку cutting-edge технологијата и скандинавскиот дизајн.

Претставен пред светот денес во Милано, Италија и достапен за нарачкi сега на определени пазари*, EX30 е нашиот прв мал премиум SUV и тој ја проширува нашата постојано растечка, целосно електрична понуда на четири модели. Со оглед на тоа дека пазарот забрзано се движи кон целосна електрификација, EX30 ќе ни помогне да излеземе во пресрет на растечката побарувачка за целосно електрични автомобили во брзо растечкиот сегмент.


Уште повеќе, привлечната цена на EX30 – која започнува од околу 36.000 EUR – значи дека нашите клиенти добиваат премиум целосно електричен SUV за слична цена како еквивалентен автомобил со мотор на внатрешно согорување. EX30 исто така ќе биде достапен со нашиот пакет за претплата Care by Volvo, со неговата подесена цена и транспарентен процес на нарачка, што го прави нарачувањето навистина лесно.

„Целосно електричниот EX30 можеби е нашиот најмал SUV досега, но тој е голема работа за нашите клиенти и за нас како компанија“, рече Џим Роан, нашиот главен извршен директор. „Би сакале да кажеме дека EX30 е мал, а сепак моќен затоа што испорачува сè што би сакале од Volvo, но во помало пакување. Како и секој Volvo, тој претставува неверојатен производ што е безбеден и дизајниран за луѓето и нивните потреби.

EX30 ги содржи сите наши вредности за дизајнот во помал формат. Долгото меѓуоскино растојание, големите тркала и еднаквите испусти носат баланс и префинетост на надворешноста. Тој е изразито електричен, со самоуверен преден дел, затворен штитник и дигитален изглед на фаровите во облик на чеканот на Тор. Петте живописни бои на надворешноста, од стилската Cloud Blue до светлата и експресивна Moss Yellow – втората инспирирана од лишаите што растат на карпите на западниот брег на Шведска – му даваат карактер и личност.


Технологија за батерии што им одговара на вашите потреби

Па ајде да зборуваме за нашата технологија за батерии. Пред сѐ, не постои едноставно нешто какко „батерија“ кога зборуваме за погоните. Наместо тоа, ви даваме слобода да ја изберете технологијата за батерии што најдобро им одговара на вашите потреби, нудејќи го EX30 со три опции за погонот и два различни типа батерии, што исто така ни овозможува да понудиме привлечна почетна цена за EX30.


Ако поминувате поголем дел од времето во град или имате намера да патувате на пократки растојанија помеѓу полнењата, нудиме опција со еден мотор, со LFP батерија. LFP батеријата со стандарден опсег, што користи литиум-железно-фосфатна хемија, е поекономична и бара помалку ресурси за произведување, што значи дека тоа е најдобрата опција ако не ви е потребен максимален досег.


Ако претпочитате да го доведете досегот до максимум, варијантата за проширен досег со еден мотор, со NMC батерија со проширен досег е вашиот избор за EX30. NMC батеријата содржи литиум, никел, манган и кобалт и ја произведува својата енергија поефикасно од варијантата со LFP. Оваа опција со еден мотор и проширен досег ви дава досег до 480 km помеѓу полнењата.


На крајот, ако перформансите се ваш приоритет, изберете ја варијантата за перформанси со два мотора, во која ја спојуваме NMC батеријата со дополнителен втор електричен мотор. Оваа варијанта со all-wheel drive на EX30 обезбедува 315 kW (428 hp) и забрзува од 0 – 100 km/h за 3,6 секунди – тоа официјално е нашиот автомобил со најголемо забрзување досега!


Уште една работа што EX30 ја прави брзо, е полнењето. Варијантата со двоен мотор и проширен досег има капацитет на полнење до 153 kW, додека автомобилот со стандарден досег има капацитет од 134 kW. Тоа значи дека можете да ја полните вашата батерија од 10 до 80 проценти за малку повеќе од 25 минути. Преку централниот дисплеј и апликацијата на автомобилот можете да ги подесувате амперажата, максималното ниво на полнење и кога сакате да почнете да полните.


За да поддржиме најдобро можно искуство на возењето, ја приспособивме шасијата на EX30 за да го искористиме максимумот од компактните димензии на автомобилот. Неговиот низок центар на гравитација, како и неговата релативно ниска и рамномерно распоредена тежина се надополнуваат со лесното возење и управување во град и на други локации.


Помал јаглероден отпечаток, а сепак големо влијание за безбедноста

Како што напишавме во претходните објави на блогот, EX30 е дизајниран да го има најмалиот јаглероден отпечаток од кој било Volvo автомобил досега и претставува важен чекор напред за нашите амбиции околу одржливоста. Посветувајќи внимание на емисиите во целокупното производство и животен циклус, како и преку внимателното користење на материјалите однатре и однадвор, успеавме да го намалиме неговиот вкупен јаглероден отпечаток во текот на возењето од над 200.000 km на помалку од 30 тони*.


EX30 е дизајниран и да биде исто толку безбеден колку што би очекувале од Volvo и има за цел да се грижи за вас и за другите во хаотичните урбани средини. На пример, тоа вклучува специјална безбедносна функција за велосипеди што помага да се спречат инциденти таканаречени „отворање врата“, предупредувајќи ве кога ја отворате вратата пред некој велосипедист, скутер или човек што трча.


Нашата заштитна технологија за безбедност дополнително илустрира како ги применивме нашите високи безбедносни стандарди во нашиот нов мал SUV. Тој содржи најсовремена технологија за врзување, како и врвен дизајн на конструкцијата што ги исполнува нашите амбициозни локални барања за безбедноста – дизајнирани за да се подготват нашите автомобили за различни сценарија во вистинскиот свет.


EX30 исто така има цел да го направи вашиот живот попрактичен, поопуштен и попријатен во автомобилот, преку cutting-edge технологијаta и внимателниот скандинавски дизајн на ентериерот. Можете да изберете од четири различни ентериери, секој со сопствен израз, со паметни опции за складирање низ целата кабина.


Заедно со контекстуален единечен екран, со вграден Google и работејќи на најновата верзија на нашиот систем за инфо-забава, сите овие карактеристики го одразуваат вистинскиот дизајн на Volvo.


Кога зборуваме за cutting-edge технологија: Volvo EX30 е нашиот прв автомобил што вклучува нова генерација од нашата популарна функција Park Pilot Assist. Таа може да се справи со секакви типови места за паркирање, вклучувајќи паралелно, закривено, нормално и дијагонално паркирање, во голема мера олеснувајќи го паркирањето во тесни простори.


Новата Park Pilot Assist ќе ги препознае сите достапни места за паркирање околу вас. Потоа, откако ќе допрете на тоа што го сакате во новиот 3Д кориснички интерфејс, функцијата ќе ракува со гасот и сопирачката, како и со управувањето. Додека вие го надгледувате процесот на паркирање, екранот го прикажува растојанието до предметите како што се автомобили, ѕидови и столпчиња, во метрички или империјални мерни единици.


Како и кај секој Volvo автомобил, за EX30 тесно соработувавме со партнерите од областа на технологијата, како што се Google, Apple и Qualcomm за да го испорачаме најдоброто можно корисничко искуство. Исто така тесно соработувавме со ECARX преку нашата заедничка инвестиција во софтверот HaleyTek кој е во заедничка сопственост, за да ја испорачаме најдобрата можна платформа за инфо-забава за нашите клиенти.


Чувство на смиреност

Секако, EX30 исто така ќе пристигне со функција дигитален клуч, што е истовремено практично за вас, и го олеснува споделувањето на автомобилот со другите. Изградена врз основа на напредните индустриски стандарди UWB и CCC, нашата технологија ќе биде компатибилна со широк спектар на брендови и модели на телефони.


Назначената апликација на автомобилот ги содржи сите релевантни услуги поврзани со автомобилот, од полнењето до наоѓањето на вашиот автомобил на некое преполно паркиралиште, негово заклучување и загревање во ладен зимски ден. EX30 исто така е подготвен за примање софтверски ажурирања преку интернет, со што со тек на време ќе стане подобар.


Како тоа да не е доволно, па Volvo EX30 доаѓа и со избор од пет различни теми за амбиентално осветлување. Секоја од нив е инспирирана од различен скандинавски пејзаж и суптилно ја менува бојата, давајќи чувство на смиреност во ентериерот.


Без разлика дали ја претпочитате топлата сончева светлина што паѓа низ лисјата во некоја скандинавска шума, зајдисонцето на шведскиот западен брег, светски познатата поларна светлина, златните летни неба на шведското лето или блескавиот амбиент на урбаното зајдисонце, вашиот EX30 ќе биде исполнет со бои по ваш избор. За дополнително искуство, можете да поврзете секоја од темите за осветлување со амбиентален звучен пејзаж.


Патување низ целата земја со стил

На крајот, имаме и изненадување за вас. Започнувајќи од следната година, нашиот EX30 исто така ќе стане достапен како Cross Country варијанта. Нарачките за оваа специјална верзија на нашиот мал електричен SUV ќе започне во 2024 година, а производството се очекува да започне подоцна истата година.


Volvo EX30 Cross Country ќе се надгради врз основа на нашето долго искуство за Cross Country, нашата прославена линија на модели за клиентите што сакаат малку повеќе авантура од својот автомобил. Тој ќе пристигне со опсег од нарачани карактеристики, како што се поголемо растојание до земјата, 19-инчни црни тркала и опција за 18-инчни тркала со нарачани пневматици.


Кога ќе го однесете вашиот EX30 Cross Country надвор од утврдените патишта, тој ќе биде препознатлив по заштитните плочи на предниот, задниот и страничните делови, специјалните црни панели на предниот браник и затворачот на багажникот, како и стилското Cross Country брендирање – малото шведско знаменце монтирано на хаубата е црешата на шлагот.


Гледајте го нашиот главен извршен директор Џим Роан како го претставува новиот EX30 тука: https://www.youtube.com/watch?v=UBsPUpqSPFs


Ситниот текст

Сподели