Во април, Volvo Cars постави нов стандард во индустријата, како единствен бренд, чија целосна линија на возила ја доби наградата Top Safety Pick Plus на IIHS за 2021 година во САД.
Сите автомобили од нашата линија во САД ја добија наградата TSP+.
Нашата линија за 2021 година континуирано реди успеси изминатава година, добивајќи не една, не две, туку 15 награди Top Safety Pick Plus (TSP+). Ова признание од Институтот за осигурување за безбедност на автопатиштата (IIHS) е многу посакувана награда што се доделува на возила што обезбедуваат највисоко ниво на безбедност.
А што го прави ова уште позначајно? Возилото со кое нашето портфолио ја достигна целта е нашиот XC40 Recharge – нашиот прв чисто електричен автомобил.
XC40 Recharge е првиот чисто електричен мал SUV што ја освоил наградата TSP+. Тоа им покажува на нашите клиенти дека, како што напредуваме кон нашата иднина како производител на електрични автомобили, посветеноста на Volvo кон безбедноста останува исто толку силна како и претходно.
Нашиов најнов бенчмарк TSP+ се надоврзува на рекордот што го поставивме минатиот месец, како бренд што има добиено најмногу едногодишни награди TSP+ откога е почната програмата во 2013 година.
Горди сме што нашите автомобили се најдобри во својата класа, кога станува збор за безбедноста, но за што точно се заслужува посакуваното признание, без оглед дали сме тоа ние или некој друг производител?
Како што можете да замислите, квалификациите се темелни.
Во 2021 година, за наградата TSP неопходно е да се добие оценка „добро“ во сите шест тестови на IIHS за заштита во несреќи. Тоа вклучува мал судир однапред од страната на возачот и од страната на совозачот, среден судир однапред, судир отстрана, цврстината на покривот и потпирачите за глава. Победникот мора да има „добри“ или „прифатливи“ предни светла и систем за спречување преден судир со оценка „напредно“ или „супериорно“ во случај и на судир меѓу две возила и меѓу возило и пешак.
Покрај тоа, за да се квалификуваат за оценката „плус“, возилата мора да имаат „добри“ или „прифатливи“ предни светла во сите пакети и нивоа на опременост.
„Горди сме што IIHS го препозна ова со доделувањето на наградата Top Safety Pick Plus на сите возила што ги произведуваме денес“
„Без разлика на стилот на каросеријата, моторот или опремата, секој автомобил на Volvo нуди иновативна заштита при судир“, рече Андерс Густафсон, претседател и извршен директор на Volvo Cars USA. „Горди сме што IIHS го препозна ова со доделувањето на наградата Top Safety Pick Plus на сите возила што ги произведуваме денес. Ниедна друга компанија не беше почестена со оваа награда за сите возила во 2021 година.“
Од денес, следниве автомобили (кои ја сочинуваат нашата целосна постава во САД) гордо ја носат наградата TSP+:
Volvo XC40 P8 Recharge
Volvo S90
Volvo S90 Recharge
Volvo V90
Volvo V90 Cross Country
Volvo V60 Cross Country
Volvo S60
Volvo S60 Recharge
Volvo V60
Volvo V60 Recharge
Volvo XC40
Volvo XC60
Volvo XC60 Recharge
Volvo XC90
Volvo XC90 Recharge