Погледнете како помагаме да се развие првото пловило за прекуокеански пренос на возила на ветерен погон.
Замислете си: илјадници од идните електрични автомобили на Volvo пловат преку Атлантскиот Океан користејќи одржлива ветерна енергија.
Порано светската трговија се одвивала преку бродови со високи едра, користејќи ги воздушните струи за да се поврзат цели континенти и да се создаде новиот свет. По повеќе векови повторно се враќаме на истото затоа што нашата потреба за одржлива енергија нѐ води до тоа повторно да го користиме горивото кое го има насекаде во природата: ветерот.
Во денешно време, современата технологија и иновациите ја направија Volvo Cars една од 11 компании партнери што се здружија за да се развие Orcelle Wind – првото пловило за прекуморски транспорт на автомобили и камиони на ветерна енергија (RoRo). Овие типови бродови се дизајнирани за меѓународен прекуморски транспорт на автомобили и камиони; на пример, од Европа во САД.
Замислете: илјадници од идните електрични автомобили на Volvo пловат преку Атлантскиот Океан користејќи одржлива ветерна енергија. Ова е важно затоа што денешниот морски транспорт целосно зависи од енергијата од фосилни горива – а некои бродови горат илјадници литри дизел гориво на час – и сите емисии на CO2 поврзани со испораката на нашите возила придонесуваат за вкупните емисии во животниот циклус на секој автомобил. Па, ако успееме да ја постигнеме нашата амбиција да станеме климатски неутрална компанија до 2040 година, важен е секој фактор што придонесува.
„Проектот Orcelle е важен чекор за големата промена кон ветерот како главна енергија за движење на вода.“, изјави д-р Ана Карамику, раководител на проекти од Европската комисија.
Глобалната компанија за испорака на RoRo, Wallenius Wilhelmsen од Норвешка, е координатор на проектот и има амбиција Orcelle Wind да започне со пловидба кон крајот на 2026 година или на почетокот на 2027 година. Orcelle Wind е првото пловило од таканаречениот концепт Oceanbird, првенствено за пловила на ветерен погон. Концептот покажува дека теоретски е возможно да се намалат емисиите од пловилата дури и до 90 проценти доколку сите фактори што влијаат врз емисиите се земат предвид.
Wallenius Wilhelmsen и партнерите во проектот – вклучувајќи го Volvo Cars – обезбедија финансирање од Horizon Europe во вкупна вредност од 9 милиони евра за поддршка на изградбата на пловилото RoRo. Horizon Europe е клучната програма за финансирање истражувања и иновации на ЕУ. Во следните пет години Orcelle Wind ќе стане реалност преку сите аспекти на планирањето, изградбата и работата на пловилото на ветерен погон.
Orcelle Wind ќе има должина од 220 метри и капацитет од преку 7.000 автомобили; и ќе може да носи товар и опрема за растоварање.
Роџер Стивенс, потпретседател за глобална одржливост во Wallenius Wilhelmsen, изјави: „Финансирањето на Horizon Europe од ЕУ покажа дека концептот доби позитивна анализа од институциите на ЕУ за финансирање и дека тие имале доверба да му ја дадат својата поддршка.“
Нашата улога како партнер е да ја дадеме нашата корисничка перспектива. Ќе ги истражиме нашите барања за поморски транспорт на нашите целосно електрични автомобили и ќе придонесеме кон анализата на дизајнот на синџирот на достава. А имаме и сопствени прашања за одговарање: како ќе го планираме нашиот тек од нарачка до дистрибуција кога треба да додадеме време за поморски транспорт на ветерна енергија, а сепак да обезбедиме исполнување на очекувањата на нашите клиенти?
Грантот на ЕУ е поделен помеѓу 11 партнери – па сите можеме да придонесеме со различи гледни точки – во надеж дека ќе создадеме поглед на користењето на ветерната енергија за поморски транспорт од сите агли. Темите вклучуваат создавање маршрути според временските услови, дизајн на возилото, усогласување на синџирот на достава, обука на екипажот, монтирање дополнителна платформа за тестирање на веќе постоечко пловило. Опсегот на проектот е да се подготви Orcelle Wind за комерцијална трговија.
Проектот на ЕУ ги комбинира инвестициите потребни за целосна демонстрација и забележување на податоците со напредните модели и алатки за пловилата на ветерен погон. Покрај пловилото за демонстрација, партнерите ќе ги користат моделите и алатките за развој на напредни концепциски дизајни и оперативни планови за повеќе типови пловила за да се примени решението за перката.
Д-р Ана Карамику, раководителот на проекти од Европската комисија, изјави: „Проектот Orcelle е важен чекор од големата промена кон ветерот како главен извор на енергија за пловење. Со технологија што е соодветна за толку голем процент на возила, како и со способноста драстично да се намалат емисиите поради испораката, гледаме дека постојат големи општествени придобивки што ЕУ може да ги користи од овој проект.“
Стафан Јоханесон, раководител за одржливост во нашата организација за синџир на достава, вели дека потенцијалот што го нудат ваквите проекти, каде што сме партнери со други компании во смислувањето нови решенија, претставува добар пример за нашата потреба да изнајдеме повеќе различни начини да ги намалиме јаглеродните емисии во сите активности на компанијата.
„Постојано истражуваме можности за одржливост во сите аспекти на нашиот синџир на достава, а навистина и во целиот наш бизнис.“ Нашиот список со иницијативи постојано расте додека се обидуваме да работиме кон остварување на нашата амбиција да станеме климатски неутрална компанија до 2040 година.“
Дознајте повеќе за концептот на Oceanbird: https://www.theoceanbird.com/the-oceanbird-concept/