Океанската трка 2023 г.: Одржливоста отпловува

Во Океанската трка 2022 – 2023 г. ќе видиме тимови од бестрашни океански истражувачи како одат на трка со јахти околу светот, долга 32.000 наутички милји, посетувајќи девет неверојатни земји во текот на шест месеци.

океанска трка Volvo cars одржливост

Океанската трка годинава започнува на 15 јануари во Аликанте, Шпанија.

Тоа не е патување што треба несериозно да се сфаќа, што е малку иронично со оглед на тоа што првата Океанска трка во 1973 г. произлезе од облог во еден паб.


Сепак, во доцните 1990-ти, таа беше откупена од Volvo Group (што во тоа време ги вклучуваше Volvo Cars) која ја организираше легендарната трка до 2018 година, кога се откажавме од сопственоста. И покрај таа промена во сопственоста, посветеноста на Volvo Cars на трката останува, а компанијата е горда што е специјален партнер на изданието за 2023 г.


Од својот почеток, Океанската трка се фокусираше на одржливоста на океаните, и од перспективата на организирањето на одржлив настан (што не е мал подвиг за настан со таква големина и распространетост), како и во однос на образованието што се шири преку трката. Дополнително, Океански самити се организираат за време на паузите за да се разговара за тоа како да се подобри состојбата на океаните, а самите бродови се користат за конкретно истражување на состојбата на океаните. Ова издание ќе ја прикаже кампањата „Еден син глас“ за да се собере поддршка за Универзалната декларација за правата на океаните. Кампањата има цел да ја поттикне јавноста за потпишување на една онлајн петиција што ќе биде претставена во соработка со Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, во септември 2023 г.

Петицијата ќе биде претставена заедно со каталог со нацрт-принципи што ќе претстават јасни патишта и дејства за подобрување на состојбата на океаните. Овие принципи се кулминација на 12 самити на Океанската трка создадени за да се поттикнат промени и да се спроведат политики околу главните прашања што влијаат врз нашите океани.


Не е тајна дека Volvo Cars е посветен кон одржлива иднина, а нејзина цврста амбиција е да биде целосно електрична компанија до 2030 г. и неутрална компанија во однос на јаглеродните емисии до 2040 г. Па така, на секоја од деветте станици на глобалната трка, Volvo Cars ќе постави интерактивни кабини за да ги покаже најновите автомобили, да разговара за електричната иднина на компанијата и да го сподели своето патување кон одржливоста со секој од посетителите на трката.

„Исто како со Океанската трка, во Volvo Cars навистина сакаме да се фокусираме на тоа да дадеме свој придонес кон подобрувањето на состојбата на планетата“, рече Керин Баклунд, нашата раководителка на Експерименталниот сектор, тимот одговорен за нашите активности за претстојната трка.

„Трката е одлична алатка за градење односи со клиентите, за зајакнување на брендот на Volvo Cars и за претставување на нашата компанија и нашите производи пред светската публика.“


Последната трка собра публика од 2,66 милиони луѓе, а трката во 2022 – 2023 г. претставува огромна и возбудлива можност да се допре до сѐ повеќе луѓе со пораката за одржливост на Volvo Cars.


Целосно електричните XC40 Recharge и C40 Recharge ќе бидат изложени во сите локации на станиците, споделувајќи ги иновациите на Volvo Car пред публика што веќе верува во нашите вредности и го споделува нашиот нагон за авантури.


„Volvo Cars има долга поврзаност со Океанската трка и добро е тоа да продолжи со оглед на тоа што и двајцата сме силно фокусирани на одржливоста“, вели Стјуарт Темплар, директор за одрживост во Volvo Cars.

„Се радуваме што ќе ги користиме уникатната платформа и досегот на трката за да ги нагласиме нашата посветеност и напредокот, вклучително и за помагање да се намалат влијанијата на климатските промени и загадувањето со пластика во нашите океани.“


Доколку сакате да дознаете повеќе за трката, можете да ја погледнете почетната страница на Океанската трка или да ја преземете апликацијата на Океанската трка за да ги запознаете тимовите и да го следите нивното патување. Тоа е сосема нова ера и за Volvo Cars, и за Океанската трка и сите се поканети

Сподели