Врвни оценки за нашите напори за одржливост

Најновите оценки за одржливост од CDP и CSA покажуваат дека се движиме во добра насока околу нашите амбиции за одржливост.

Тимот за одржливост на Volvo Cars прима награди

Тимот за одржливост на Volvo Cars прославува што успеал да влезе во листата на најдобри компании во однос на климатските промени на CDP за 2022 година

Добро е што добивме признание за работите што ги правиме во име на одржливоста, но оценките за ESG (животна средина, општество, владеење и економија) се повеќе од обични бројки и букви; тие ни даваат корисни информации за тоа како треба да ја водиме и подобруваме нашата работа околу одржливоста.


Обновената глобална непрофитна организација CDP води систем за откривање на информациите околу екологијата за компаниите, градовите, државите и регионите, со цел да им помогне да управуваат со своето влијание врз животната средина. Се вели дека тоа е најголемата еколошка база на податоци на светот, а скалата на којашто се рангираат компаниите се движи од D- до A, со тоа што A е најдобрата оценка. Со задоволство ќе ги споделиме двете оценки што ги добивме од CDP.


Прво, ја имаме оценката за климатските промени на CDP. Од повеќе од 15.000 компании, ние сме една од 288 компании во светот што успеа да се рангира на листата на најдобри компании во однос на климатските промени на CDP за 2022 година. Тоа што се наоѓаме на оваа престижна листа значи дека го предводиме патот кон еколошка транспарентност и перформанси во однос на климатските промени. И сега сме на таа листа на најдобри компании веќе две години по ред.

„Ги имаме сите причини да го славиме нашиот успех и да станеме уште поодржлива компанија што произведува уште поодржливи производи, па мораме постојано да се подобруваме“, вели Улрика Линерот, нашата раководителка за оценките околу одржливоста. „Оценките ни помагаат да ги најдеме пропустите и да можеме да ги затвориме и да ги исполниме нашите барања од инвеститорите, клиентите, талентите и другите чинители.“

Второ, постои и оценка за безбедноста на водата од CDP, а таму сме оценети со B-. Со оглед на тоа што првпат учествуваме во оваа категорија, нашите перформанси се подобри од очекуваното. Многу добра основа за дополнително подобрување следниот пат!


„Ги имаме сите причини да го славиме нашиот успех и да станеме уште поодржлива компанија што произведува уште поодржливи производи, па мораме постојано да се подобруваме“, вели Улрика Линерот, нашата раководителка за оценките околу одржливоста. „Оценките ни помагаат да ги најдеме пропустите и да можеме да ги затвориме и да ги исполниме нашите барања од инвеститорите, клиентите, талентите и другите чинители.“Покрај оценките на CDP, друга важна оценка е CSA: тоа е кратенка за Оценка за корпоративната одржливост и ја спроведува Standard & Poor’s (S&P), една од водечките агенции за корпоративно рангирање и оценување.


CSA е една од најсеопфатните оценки за одржливоста, што ги покрива сите три столба на ESG. Од 23 февруари го постигнавме вториот највисок резултат од 72 оценети компании во автомобилската индустрија во оценките на CSA за 2022 година. Тоа нѐ става во горните 5 проценти на компании во индустријата.


„Не може доволно да се нагласи колку се битни нашите перформанси за одржливоста за нашата компанија и за нашиот бизнис“, рече Тимо Паулсон, нашиот раководител за управување со одржливоста. „Охрабрувачки е да се види дека оценките за ESG како оние од CDP и S&P ја поддржуваат нашата слика за тоа каде се наоѓаме – дека сме многу добро поставени за иднината.“


Овие позитивни надворешни оценки ни помагаат да потврдиме дека се наоѓаме на вистинскиот пат кон остварување на нашите амбиции за одржливоста. Сепак, свесни сме за предизвиците што претстојат додека се стремиме да станеме препознаен водач во нашата индустрија.

Сподели