Volvo Cars на „Climate Week NYC 2023“: посета на Менхетн за да се рашират заложбите за климата

Минатата седмица го најавивме крајот на автомобилите Volvo на дизел погон уште на почетокот на 2024 година. Но, направивме уште многу повеќе во Њујорк, кога нашите експерти за одржливост ги споделија нашите планови за климата на „Climate Week NYC“.

Маж седи помеѓу две жени додека тие разговараат за климатските проблеми

Андерс Карберг, нашиот глобален раководител за одржливост (во средина)

„Climate Week NYC“ е вториот најголем и еден од најистакнатите и највлијателни годишни настани поврзани со одржливоста во светот. На него присуствуваат илјадници делегати од компании, невладини организации (НВО), мултилатерални институции и влади, сите со амбиција да се обидат да најдат конкретни решенија за борба против климатските промени преку соработка.


Поради тоа што имаме еден од најамбициозните планови за климата од кој било традиционален производител на автомобили и планираме да продаваме само целосно електрични автомобили до 2030 година, не можеме самите да се бориме против климатските промени. За тоа се потребни координирање и соработка, а „Climate Week NYC“ е баш таков тип форум каде што може да се одржат таквите разговори. Овогодишното издание беше особено важно во однос на претстојниот глобален самит за климата COP28 во Дубаи. Најновите извештаи за климата повторно ја нагласија итноста од ситуацијата со климатските промени, како и потребата да се дејствува.


За да го извлечеме максимумот од нашите интеракции во Њујорк, ангажиравме два од нашите најдобри умови за одржливост за таа работа. Андерс Карберг, нашиот глобален раководител за одржливост и Стјуарт Темплар, нашиот глобален раководител за активирање на заинтересираните страни, поминаа една седмица во Њујорк, разговарајќи со многу луѓе со слични размислувања. Секој од нив присуствуваше и одржа говор на неколку настани што беа посветени на некоја конкретна индустрија или област што ќе бара радикална преобразба за да се исполнат светските амбиции за нула нето емисии.

„Нашата одлука да се стави крај на дизелот беше многу добро примена, вклучително и од претставниците од влијателните НВО за климата“, рече Стјуарт. „Заедно со нашата смела стратегија за електрифицирање, демонстриравме вистинско лидерство и поставивме пример што треба да го следат и другите производители.“

„Ми остави впечаток колку почит ужива Volvo Cars во заедницата на НВО“, изјави Андерс кога го прашаа за неговите впечатоци од седмицата. „Луѓето често нѐ спомнуваа поради нашата заложба за 100 отстотна електрификација до 2030 година, за нашата работа на Steel Zero и за другите заложби што ги имаме направено“.


Од амбициозни планови до значајно дејство

Ја започнавме седмицата со нашите планови да го сопреме целосното производство на автомобили Volvo на дизел погон до почетокот на 2024 година. Тоа е објавено на настан на коалицијата „Accelerating to Zero“ и претставуваше јасна изјава за нашата намера да се фокусираме на електрификацијата. Тоа исто така е во согласност со најновиот извештај за напредокот на ОН кој наведува дека префрлањето на електричен погон и исклучувањето на фосилните горива е најефикасен начин автомобилската индустрија да ги намали емисиите.

Стјуарт Темплар, глобален раководител за активирање на заинтересираните страни во Volvo Cars

Стјуарт Темплар, наш глобален раководител за активирање на заинтересираните страни

„Нашата одлука да се стави крај на дизелот беше многу добро примена, вклучително и од претставниците од влијателните НВО за климата“, рече Стјуарт. „Заедно со нашата смела стратегија за електрифицирање, демонстриравме вистинско лидерство и поставивме пример што треба да го следат и другите производители.“Потоа Стјуарт се сретна со нашите пријатели на Океанската трка и зборуваше на нивниот Самит за океаните (Стјуарт се појавува од 1:45.00) на Генералното собрание на ОН за да ја изрази нашата поддршка за мораториум за експлоатација на руди во длабоките мориња. Иако дното на океанот содржи многу минерали што се користат за батериите на електричните автомобили, сметаме дека експлоатација на руди во длабоките мориња не треба да се врши сѐ додека не бидеме сигурни дека нема да им наштети на клучните екосистеми во нашите мориња и океани.


„Говорот во седиштето на ОН за мене беше врвно искуство и момент што ми предизвика голема гордост“, со насмевка изјави Стјуарт. „Пред вработувањето во Volvo Cars, поминав 16 години како дипломат и некогаш не сум имал ваква можност. Фантастично беше да се слушне реакцијата од делегатите кога ја објавив нашата поддршка за мораториум за експлоатација на руди во длабоките мориња. Во салата се чувствуваше искрена љубов кон нашата компанија – некои од присутните потоа ми кажаа дека нивниот следен автомобил ќе биде Volvo!“


Лидер во заложбите за климата

Панел-дебатата организирана од страна на „Climate Group“ се фокусираше на потенцијалот за нето нула емисии во индустријата за челик и Андерс ги сподели нашите искуства во работата со шведскиот производител на челик SSAB за истражување на висококвалитетен челик произведен со емисии што се блиску до нулата за автомобилската индустрија. Исто така беше одлично да се видат неколку подни плочи произведени со челикот произведен од SSAB без употреба на фосилни горива, како дел од изложбата за климатски активности на IKEA што се одвиваше за време на седмицата.

Не сме само ние тие што тврдат дека сме предводник во корпоративните заложби за климата. InfluenceMap, НВО што ги следи таквите работи исто така нѐ потенцираше како „иден лидер“ во оваа област. Стјуарт се придружи на настанот на InfluenceMap за да ја објасни нашата одлука за напуштање на Европската индустриска организација ACEA поради нивниот став околу престанокот на употреба на мотори со внатрешно согорување и за тоа како нашиот патоказ за електрификација кон 2030 година покажува дека е возможен еден друг, поамбициозен пристап.


Поврзано со тоа, Стјуарт исто така учествуваше на дискусијата на тркалезна маса за време на претставувањето на кампањата „Fossil to Clean“ („Од фосилни до чисти горива“), организирана од страна на коалицијата „We Mean Business“. Volvo Cars е гласен поддржувач и на коалицијата, и на оваа нова кампања, што ги повикува владите и компаниите да се откажат од употребата на фосилни горива. Охрабрува тоа што Главниот извршен директор на коалицијата спомена дека нашите активности за климата ја инспирирале кампањата!


Освен овие конкретни настани, Стјуарт и Андерс имаа и многу билатерални дискусии со виши претставници од други компании и организации. Поважните настани ги вклучуваа самитот „Action Speaks“ („Делата говорат“) во њујоршкото седиште на IKEA, како и состанокот на Заедницата на главни директори за одржливост што ја организираше Светскиот економски форум. Овие и други разговори му овозможија на Андерс да се сретне со своите колеги од други компании и да ги спореди белешките околу ефективните дејства и политики поврзани со климата.

„Во Њујорк беа присутни приближно 15 други шведски компании, првенствено со нивните директори за одржливост“, рече Андерс. „Тие се соочуваат со многу од истите предизвици како нас, па беше добро да се разговара со активна и компетентна група на луѓе каде што можевме да споделуваме и да учиме едни од други. Сѐ на сѐ, сметам дека „Climate Week NYC“ ни дава огромни можности за учење, развој на компетенциите, заложби и создавање мрежа од контакти.“


„Climate Week NYC е одлична можност за среќавање со широк спектар на потенцијално корисни контакти“, додаде Стјуарт. „Тоа исто така е и место каде што може некого случајно да сретнете – јас случајно ја сретнав Војвотката од Јорк! Но, пред сѐ, мислам дека е важно тоа што бевме присутни и бевме гласни. Тоа помогна помеѓу клучните влијателни заинтересирани страни да се подобрат нашето реноме и кредибилноста како компанија што ја води целта – и што е многу важно, да учиме од другите.“

Сподели