Го прогласуваме крајот на дизелот на Climate Week NYC – нашиот последен автомобил на дизел гориво ќе биде произведен на почетокот на 2024 година

Нашиот акционен план за климата е целосно посветен на инвестирање во технологиите на иднината. Па, оваа седмица правиме нов чекор кон нашата целосно електрична иднина и се збогуваме со моторот на дизел.

Горен делумен приказ на автомобил Volvo што се полни

Оваа одлука го потенцира нашиот план да продаваме само целосно електрични автомобили до 2030 година.

До 2030 година планираме да продаваме само целосно електрични автомобили, а до 2040 година цел ни е да бидеме климатски неутрална компанија. Овој јасен патоказ кон целосна електрификација претставува еден од најамбициозните планови за преобразба на кој било традиционален производител на автомобили.


За да ја потенцираме нашата посветеност кон овие амбиции, денес на Climate Week NYC го објавуваме крајот на производството на сите модели на автомобили Volvo со погон на дизел гориво да почетокот на 2024 година. За неколку месеци отсега ќе биде произведен последниот автомобил Volvo на погон на дизел гориво, со што Volvo Cars ќе биде еден од првите традиционални производители на автомобили што ќе го направи овој чекор.


Овој меѓник доаѓа по нашата минатогодишна одлука да се откажеме од развојот на нови мотори со внатрешно согорување. Во ноември 2022 година го продадовме нашиот удел во Aurobay, компанијата што претставува заедничка инвестиција каде што беа лоцирани сите наши преостанати средства за моторите со внатрешно согорување. Повеќе не трошиме ниту една круна од нашиот буџет за истражување и развој на развивање нови мотори со внатрешно согорување.

„Во овој критичен период за нашата планета и за човештвото, на светот му треба водство“, изјави Џим Роан. „Крајно време е индустријата и политичките водачи да бидат цврсти и решителни и да испорачаат значителни политики и дејства за борба против климатските промени. Посветени сме на тоа да го исполниме нашиот дел и да ги охрабриме нашите колеги, како и политичките водачи низ светот да го исполнат нивниот дел.“

„Електричните погони се нашата иднина и се супериорни во однос на моторите со внатрешно согорување: тие создаваат помалку бучава, помалку вибрации, на нашите клиенти им создаваат пониски трошоци за сервисирање и имаат нула издувни гасови“, рече Џим Роан, нашиот главен извршен директор. „Целосно сме фокусирани на создавање големо портфолио на првокласни, целосно електрични автомобили што можат да ги исполнат сите очекувања што нашите клиенти ги имаат од Volvo“ – а тие се клучен дел од нашиот одговор на климатските промени.“


Итна потреба од дејствување

Целосно сме посветени на електрификацијата затоа што тоа е исправната одлука. Неодамнешниот извештај на Global Climate Stocktake, издаден од страна на Обединетите нации, ја потенцираше итноста околу климатските промени со кои се соочува човештвото, како и потребата да се дејствува во однос на тоа.


„Во овој критичен период за нашата планета и за човештвото, на светот му треба водство“, изјави Џим Роан. „Крајно време е индустријата и политичките водачи да бидат цврсти и решителни и да испорачаат значителни политики и дејства за борба против климатските промени. Посветени сме на тоа да го исполниме нашиот дел и да ги охрабриме нашите колеги, како и политичките водачи низ светот да го исполнат нивниот дел.“За дополнително да ја нагласи оваа поента, нашиот главен директор за одржливост, Андерс Карберг ќе присуствува на настан организиран од страна на коалицијата Accelerating to Zero (A2Z) на овогодишниот Climate Week NYC. Претставена на климатскиот самит COP27, коалицијата A2Z обезбедува платформа на повеќе заинтересирани страни за потписниците на Глазговската декларација за возила со нула издувни гасови, каде што ние сме еден од потписниците.


Платформата A2Z ни овозможува да соработуваме и да ги координираме дејствата со други страни, кон колективната цел на коалицијата за тоа „100 отсто од светската продажба на нови автомобили и комбиња да ја сочинуваат возила без издувни гасови до 2040 година, а не подоцна од 2035 година тоа да се случи на водечките пазари.“


Иако нашата цел за електрификација е поамбициозна од тоа, се надеваме дека преку денешната објава за дизел автомобилите и преку земање учество во дискусиите на A2Z и на други собири на Climate Week NYC ќе ги инспирираме другите компании да бидат посмели во преземањето дејства против климатските промени.


Променливи перспективи

Нашата одлука целосно да ги исклучиме дизел возилата до почетокот на 2024 година прикажува колку забрзано се менуваат и автомобилската индустрија, и барањата од клиентите во поглед на климатската криза.


Пред само четири години, дизел моторот претставуваше наша основа во Европа, а таков беше случајот и кај повеќето други производители на автомобили. Поголем дел од автомобилите што ги продадовме на континентот во 2019 година беа со погон на дизел мотор, додека електричните модели тукушто почнуваа да стапуваат на сцена.


Тој тренд во голема мерка стана обратен оттогаш, воден од барањата на променливиот пазар, построгите регулативи во однос на издувните гасови, како и од нашиот фокус на електрификацијата. Најголемиот дел од нашата продажба во Европа сега се состои од електрични автомобили, или со целосно електричен, или со plug-in хибриден погон.


Помалиот број дизел автомобили на улиците исто така има позитивно влијание и врз квалитетот на воздухот во градовите; иако дизелите испуштаат помалку CO2 во однос на бензинските мотори, тие испуштаат повеќе гасови како што се азотен оксид (NOx) што имаат негативно влијание врз квалитетот на воздухот, особено во густо населените области.


Значителни инвестиции

Наша амбиција е да продаваме 50 отсто целосно електрични автомобили до средината на деценијата, а исклучиво целосно електрични модели до 2030 година.


Но, електрификацијата не е доволна. На пример, дури и кога некој целосно електричен Volvo C40 се полни со енергија од климатски неутрални извори, нашата проценка за животен циклус покажува дека тој сепак би создал емисии на CO2 од 27 тони во текот на својот животен век. Тоа значи дека намалувањето на емисиите преку производството и обработката на материјалите е клучно за постигнување на нашите краткорочни цели и на нашите долгорочни амбиции околу климата.


За да се справиме со емисиите создадени од челикот, алуминиумот и батериите, активно работиме на тоа да им поставиме построги барања на нашите добавувачи, да најдеме нови и подобри начини за производство на овие материјали и да го зголемиме уделот на рециклирани содржини.


Овие амбиции и дејства се поддржани преку значителни инвестиции во нови технологии и производствени способности. Преку инвестиции во нашите оперативни дејства во Европа, Кина и САД, активно ја подготвуваме нашата производствена мрежа за целосно електрична иднина, зголемувајќи го и користењето на енергија создадена од климатски неутрални извори во нашите глобални операции од околу 66 отсто уште веднаш.


Во Словачка планираме да изградиме нова фабрика за автомобили што ќе произведува исклучиво целосно електрични автомобили, додека направивме и значителни инвестиции во нашите постоечки фабрики за да овозможиме производство на целосно електрични автомобили. Во Шведска исто така ќе изградиме целосно нова фабрика за батерии, напојувана целосно од енергија произведена од климатски неутрални изводи, во соработка со Northvolt, водечката шведска фирма за батерии.

Сподели