Од самиот почеток, Volvo Cars беше бренд за луѓето што се грижат за светот во којшто живееме, како и за луѓето околу нас. Наша мисија стана да го направиме животот полесен, подобар и побезбеден за сите.
За живот. Ние сакаме да ви обезбедиме слобода да се движите на личен, одржлив и безбеден начин.
Со новите модели на поседување автомобил и привлечните услуги, кога и каде што ви требаат, целиме да го направиме вашиот живот помалку комплициран.
За да помогнеме да се заштити светот што го споделуваме, мораме да направиме повеќе од обично електрифицирање на нашите автомобили. Посветени сме да станеме компанија за целосно електрични автомобили и да достигнеме нето нула емисии на стакленички гасови до 2040 година. Ја преиспитуваме одржливоста во нашите операции, во нашите автомобили и во општеството
Ние произведуваме автомобили за луѓето што се грижат за другите луѓе. Па кога се работи за безбедноста, ние на вашата околина мислиме исто колку што мислиме и на вас и на вашите патници.
Оперативен приход (EBIT) (SEK)
Маргина на EBIT
Малопродажните резултати во 2023 (единици)
Приход (SEK)
Ние сакаме да ја раздвижиме автомобилската индустрија и да бидеме водачи во полето на безбедноста, одржливоста, онлајн бизнисот и да поставиме нов светски стандард во однос на луѓето. Нашите амбиции поставуваат јасна патека за нас додека се обидуваме да ги исполниме нашите – но и општествените – предизвици.
Нашата долгорочна цел е да станеме компанија за целосно електрични автомобили. Со пет целосно електрични автомобили (ЕВ) кои се веќе на пазарот и уште пет модели во развој, целосната електрификација е клучен столб на нашата производна стратегија.
2025 г.
50-60% електрифицирани
2030 г.
90-100% електрифицирани
2025 г.
30-35% намалување на C02 по автомобил
2030 г.
65-75% намалување на C02 по автомобил
Од 2021 година, Volvo Cars јавно котира на берзата Nasdaq Stockholm. Структурата на нашата групација ги вклучува Volvo Cars, софтверската компанија Zenseact и компанијата за мобилност Volvo On Demand.
Volvo Car Group, исто така, вклучува значителен удел во нашите стратешки филијали: брзорастечки бренд LYNK & CO (30% во сопственост на Volvo Cars) и бренд за електрични перформанси Polestar (18%).
Volvo Cars заедно со ECARX исто така е сопственик на HaleyTek која развива платформи за инфо-забава врз основа на Android Automotive, за групацијата и други фирми. NOVO Energy е заедничко вложување помеѓу Volvo Cars и Northvolt (50% во сопственост на Volvo Cars) испорачува одржливи, висококвалитетни литиум-јонски батерии кои ќе ја напојуваат следната генерација на чисто електрични автомобили Volvo и Polestar.
Бренд за возила со електрични перформанси.
Флексибилна мобилност водена од технологијата, што ја редефинира пристапноста на автомобилот.
Нашата подружница за развој на софтверот за автономно возење.
Нашата компанија за мобилност во споделувањето автомобили.
Уште од 1927 година, нашата глобална централа остана во нашиот роден град, Гетеборг, Шведска. Нашата централа во Америка се наоѓа во Мава, Њу Џерси, нашата главна централа за азиско-пацифичкиот регион се наоѓа во Шангај.
Ние произведуваме автомобили во Гетеборг (Шведска); Гент (Белгија); Чарлстон (САД); Ченгду, Дацинг и Луциао (Кина). Нашите автомобили се продаваат во повеќе од 100 земји.
Гледајте го овој филм за да дознаете повеќе детали за нашето глобално присуство.
Нашето уникатно наследство го формира тоа што го правиме денес, како и начините на коишто размислуваме за иднината. Придружете ни се на нашето возбудливо патување по патеката на сеќавањата и дознајте повеќе за нашата богата историја и за легендарните автомобили.
Нашиот дел за инвеститорите ќе ве води низ водечките структури, извештаите, управувањето и другите корпоративни информации на нашата компанија.