Електрични автомобили
Откријте го нашето целосно електрично возачко искуство.
Целосно електричен Volvo. Инспириран од нашата планета, дизајниран за вашиот живот.
Целосно електричен автомобил
Бескомпромисниот дух на Volvo го исполнува барањето за нула емисии на издувни гасови – а имајќи ја предвид нашата посветеност кон одговорен луксуз, се стремиме кон тоа повеќе да ги користиме рециклираните материјали и материјалите на биолошка основа и да го сведеме отпадот на минимум.
Вграден Google
Со вграден Google, електричниот автомобил на Volvo незабележливо ве поврзува вас со вашиот дигитален живот. Автомобилот исто така прима автоматски ажурирања преку интернет.
Простор за живот
Пространата внатрешност на нашите електрични автомобили може удобно да ве смести вас, вашиот живот и сите со коишто сте одбрале да го споделите.
* Продавачот ќе ја финализира вашата нарачка согласно неговите одредби и услови.
Запознајте го нашиот прв целосно електричен кросовер.
- Електричен досег од 507 km*
- Внатрешност 100% без кожа
*Бројките се прелиминарни и произлегуваат од проценките и пресметките извршени од страна на Volvo Cars за C40 Recharge со двоен мотор и овие резултати не се загарантирани. Реалната потрошувачка на енергија постигната во вистински услови се разликува според однесувањето при возењето и други надворешни фактори. Сертификатот за возилото сѐ уште не е издаден.
Откријте го нашиот целосно електричен компактен SUV.
- Електричен досег од 500 km*
- Паметни решенија за складирање
*Бројките се прелиминарни и произлегуваат од проценките и пресметките извршени од страна на Volvo Cars за XC40 Recharge со двоен мотор и овие резултати не се загарантирани. Реалната потрошувачка на енергија постигната во вистински услови се разликува според однесувањето при возењето и други надворешни фактори. Сертификатот за возилото сѐ уште не е издаден.
Нашиот најмал SUV досега.
- До 480 km електричен досег**
- Рециклирани и обновливи ентериери.
*Земете предвид дека ова е индикативна цена што може да биде предмет на промени пред испораката на автомобилот поради фактори што се надвор од наша контрола, како што се зголемени даноци, камати итн. Ќе бидете известени за какви било промени и можете да откажете во кое било време пред испораката.
**Бројките се прелиминарни и произлегуваат од проценките и пресметките на Volvo Cars за Volvo EX30 и овие резултати не се загарантирани. Досегот на возење и потрошувачката на енергија во реални услови варираат во зависност од стилот на возење и другите надворешни фактори. Времето на полнење може да варира и зависи од факторите, како што се надворешната температура, моменталната температура на батеријата, опремата за полнење, состојбата на батеријата и состојбата на автомобилот. Сертификатот за возилото сѐ уште не е издаден.
Нашиот голем SUV со 7 седишта.
- До 600 km електричен досег*
- Нашите најнапредни безбедносни иновации.
*Бројките се прелиминарни и произлегуваат од проценките и пресметките на Volvo Cars за EX90 и овие резултати не се загарантирани. Досегот на возење и потрошувачката на енергија во реални услови варираат во зависност од стилот на возење и другите надворешни фактори. Времето на полнење може да варира и зависи од факторите, како што се надворешната температура, моменталната температура на батеријата, опремата за полнење, состојбата на батеријата и состојбата на автомобилот. Сертификатот за возилото сѐ уште не е издаден.
Време е за полнење? Дома или на пат, ние тоа го олеснуваме и го правиме попрактично.
Планирајте ја вашата маршрута со Google Maps
Користете Google Maps во вашето Volvo за да ја планирате маршрутата, да наоѓате станици за полнење и да уживате во помалку стресно патување.
Апликација Volvo Cars
Однапред загревајте ја и ладете ја кабината со апликацијата Volvo Cars. Ова може да ви помогне да уживате во зголемениот досег, како и во попријатно патување.*
Практично полнење во домашни услови
Дискретно, лесно за користење и практично, ѕидното сандаче на Volvo е нашето препорачано решение за полнење во домашни услови.
* За моделот од 2022 година, за да се овозможи апликацијата на Volvo Cars, XC40 Recharge мора при испорака да биде опремен со пакетот со дигитални услуги што доаѓа со четиригодишна претплата што овозможува целосен пристап до достапните апликации и податоци. По истекувањето на четирите години, ќе важат нови одредби и услови.
Истражете го целосно електричниот живот.
Откријте ги придобивките од возење автомобил Volvo Recharge и дознајте повеќе за електричната мобилност.
Што сакате да знаете за целосно електричните автомобили?
Колкави времиња на полнење можам да очекувам кога полнам дома?
Времето на полнење зависи од опремата за полнење што ја користите, како и од електричната инсталација во вашиот дом. Стандардниот кабел за домашно полнење со приклучок за домаќинство, примарно е помошен кабел. Полнењето на празна батерија на 100 проценти со овој кабел трае приближно 38 – 44 часа, во зависност од пазарот.
За редовни и значително пократки времиња на полнење дома, препорачуваме 3-фазно ѕидно сандаче од 11 kW. Оваа инсталација може да ви даде време на полнење од приближно 7 – 9 часа (од празна батерија до 100 отсто).
Земете предвид: Времињата на полнење можат да варираат и зависат од фактори како што се надворешната температура, тековната температура на батеријата, опремата за полнење, состојбата на батеријата и состојбата на автомобилот.
Колку чини да се наполни батеријата на целосно електричен автомобил?
Трошоците за електрична енергија варираат во зависност од локалните услови, но може да бидат пониски во споредба со бензинот или дизелот. Намалениот трошок за гориво е, исто така, една од неколкуте причини да се префрлите на електричен автомобил. А за уште помали трошоци, можете претходно да го поставите вашиот целосно електричен автомобил Volvo да се полни во периодите на евтина струја, а често тоа е навечер.
Каква гаранција има Volvo Cars за батеријата?
Гаранцијата на Volvo Cars за батеријата е 8 години или 160.000 km, што и да дојде прво, под услов автомобилот и батеријата да се одржуваат и користат во согласност со препораките на Volvo Cars.
Може ли батеријата да се замени?
Ако батеријата или батерискиот модул треба да се заменат, ова може да се изврши исто како и со кој било друг технички дел на автомобилот.
Каква опрема ми е потребна за лесно и безбедно да го полнам мојот целосно електричен автомобил дома?
Стандардниот домашен кабел за полнење првично е конструиран како помошен кабел за домашна употреба. За значително побрзо и попрактично полнење во домашни услови, препорачуваме да монтирате 3-фазно ѕидно сандаче од 11 kW.
Земете предвид: достапноста на опремата за полнење може да варира во зависност од пазарот.
Кој е најбрзиот начин да го наполнам мојот целосно електричен автомобил на долги патувања?
Најбрзото полнење ќе го добиете на попатните станици за брзо полнење со еднонасочна струја. За најбрзо можно полнење ви препорачуваме да го ограничите нивото за полнење на автомобилот на 80 проценти. Тоа помага времето на полнење да биде пократко, бидејќи последните 20 проценти од полнењето траат најдолго.
Како автомобилот ми помага да ја најдам најблиската станица за полнење?
Во земјите каде што Google Maps ги вклучува станиците за полнење, можете да најдете јавни станици за полнење директно на централниот екран на автомобилот или преку апликацијата на вашиот телефон. Од тука можете и да ги избирате претпочитаните станици за полнење и да добивате насоки.
Како влијае батеријата врз безбедноста при судир?
Батеријата носи дополнителна тежина од 500 kg што треба да се земе предвид при судир – како за патниците во автомобилот, така и за другите возила. За батеријата исто така е потребна и одделна заштита за да се избегне штетното протекување по судир. Користејќи повеќе различни иновативни решенија за безбедноста, инженерите за безбедност на Volvo Cars ги дизајнираа нашите целосно електрични автомобили за да се справат со сите овие предизвици.
Колку одржување и сервисирање се потребни за целосно електричен автомобил Volvo?
Електричните мотори се доживотно запечатени и не бараат одржување. Па, споредено со автомобил со погон на согорување, целосно електричните автомобили на Volvo имаат потреба од многу помалку одржување, што може да доведе до помали оперативни трошоци.
Дали животниот циклус на јаглеродниот отпечаток на целосно електричен автомобил Volvo е помал од соодветниот на возило со мотор на внатрешно согорување?
Во текот на просечен животен век на некое возило, јаглеродниот отпечаток на целосно електрично возило (BEV) е помал од тој кај традиционално возило со мотор на внатрешно согорување (ICE). Сепак, растојанието што треба да се вози за BEV да испушта помалку јаглеродни емисии отколку ICE возило во голема мера зависи од тоа како се создава струјата што го напојува возилото. Ако го наполните вашиот BEV со електрична енергија од обновливи извори, ќе треба да возите помалку за да се достигне таа точка, во споредба со тоа ако користите електрична енергија создадена од фосилни горива. Кога е возможно, ве поттикнуваме да го напојувате вашето електрично возило со струја од обновливи извори.
Посветени сме на целосна транспарентност кога се работи за целосното влијание од јаглеродните емисии на нашите електрични возила. Анализа на животниот циклус (LCA) на XC40 Recharge веќе е достапна и анализата на животниот циклус на C40 Recharge ќе биде достапна подоцна во 2021 година.
Како можам да знам дали батеријата на автомобилот била произведена на еколошки и општествено одговорен начин?
Volvo Cars е посветен на целосно следење на процесот, што помага да се обезбеди нашите клиенти да можат да возат електрични Volvo автомобили, знаејќи дека суровините за батериите се обезбедени на одговорен начин. Воведувањето на блокчејн технологија значително го зголемува следењето на процесот во нашиот синџир на снабдување со кобалт. Блокчејн, во содејство со проверките извршени на самите рударски локации, следењето преку GPS, скенирањето при влез и излез, потврдените логистички оператори, технологијата за препознавање лица, проверките на идентитет и временското следење придонесуваат за можноста за следење на материјалите од самиот рудник до фабриката за автомобили.
Volvo Cars тесно соработува со нашите добавувачи за да се зголеми одржливоста на нашите производи и услуги, вклучително и преку обезбедување на одговорни ланци на снабдување и ефикасно искористување на ресурсите. Ние сме посветени на одговорното експлоатирање на минералите и металите и целосно ги поддржуваме Насоките за одговорни ланци на снабдување на минерали од областите во кои има конфликти и областите со висок ризик на Организацијата за економска соработка и развој. Во овој однос, бараме нашите добавувачи на батерии да ја поддржат нашата посветеност за целосна транспарентност на нашиот ланец на снабдување со кобалт и да се стремат кон создавање целосен систем на следење.
Перформансите на одржливоста се клучна работа што ја земаме предвид при проценување и избирање на нашите добавувачи. Ги следиме перформансите на постоечките набавувачи и вршиме проверки со ревизии од трети страни. Исто така бараме од нашите добавувачи на батерии да го сведат на минимум испуштањето на јаглеродни гасови за време на производствените процеси, вклучувајќи и преку користење на обновлива енергија. Сите наши добавувачи мора да се согласат со Кодексот на однесување за деловните партнери на Volvo Cars, што го вклучува почитувањето на човековите права, вклучувајќи ги и правата од работен однос.
Брзи врски