Volvo Cars app. Искористете сѐ што има да понуди вашиот автомобил.

Volvo Cars app и горниот приказ на EX90

Дали возите Volvo EX30?

Скенирајте за да ја преземете Volvo Cars app

или инсталирајте ја

Лого на App Store.
Лого на Google Play.
Преземете го логото на апликацијата.
Илустрација на автомобил Volvo што добива софтверско ажурирање од облак.

Ажурирајте го софтверот кога сакате

Закажете ажурирања на софтверот кога ќе ви биде практично. Тоа е лесно и брзо со ажурирања на интернет.   

Види повеќе

Едноставни контроли за побезгрижно возење.

Брзи статистики

Мирна глава, на едно место.

 

Google Maps

Снајдете се на познат начин.

Google Maps. Поставете одредиште пред да тргнете.

Лесно пребарување

Користете вграден Google Maps наместо централниот дисплеј. Тоа е познат начин за брзо и лесно наоѓање на некоја конкретна локација, ресторани, станици за полнење и друго со само неколку допири.

Беспрекорна интеграција

Дали знаете каде одите? Испратете го вашето избрано одредиште до автомобилот за етапна навигација преку централниот дисплеј.

Далечинско заклучување и отклучување

Проверете двапати без да се враќате.

Далечинско заклучување и отклучување. Брзо решение ако заборавите нешто.

Далечинска контрола

Далечински заклучувајте и отклучувајте го вашиот автомобил Volvo со едно допирање. Не мора повеќе да се секирате дека ќе ги заборавите или ќе трошите време кога ќе ги заборавите клучевите.

Безбедносни потсетници

Заборавивте да го заклучите автомобилот? Ќе добиете потсетник кога автомобилот не е заклучен по паркирањето.

Предупредување за отворен прозорец

Погледнете предупредување ако некој прозорец остане отворен кога ќе го заклучите автомобилот.

Локатор на автомобил

Добијте помош во наоѓање на вашиот автомобил кога не можете да го најдете.

Локатор на автомобил Заштедете време – и чекори.

Мапирајте ја локацијата

Брзо видете на Google Maps каде бил последен пат паркиран вашиот автомобил.

Најдете го за миг

Преполните паркиралишта можат да го отежнат наоѓањето на вашиот автомобил навечер. Светнете со фаровите за повторно да го најдете.

Бипнете за да добиете повратен одговор

Не ви текнува каде сте се паркирале? Свирнете со сирената на автомобилот за да го најдете патот до него.

Влегување во автомобилот

Приспособете го вашиот автомобил пред да пристигне.

Влегување во автомобилот. Подгответе се за тргнување.

Поставете ги вашите преференции

Активирајте го поврзувањето на интернет на автомобилот, приспособувајте ги поставувањата за приватност и поставувајте апликации и услуги на Google преку вашиот Google Account пред да пристигне вашиот автомобил. И правете го сето тоа од удобноста на вашиот кауч.

Следете ја вашата нарачка

Нарачајте нов автомобил Volvo на интернет и следете го напредокот од производствената лента до вашата врата. Ќе добивате корисни информации додека чекате за да се чувствувате подготвени најдобро да го искористите вашиот нов автомобил уште од првиот ден.

Додадена удобност со допир на копче.

Контроли за климатизација на автомобилот

Направете идеални услови во кабината со само едно кликнување.

Контроли за климатизација на автомобилот. Удобност на какво било време

Поставете ја температурата

Пред воопшто да влезете во автомобилот, загрејте ја кабината кога е ладно и изладете ја кога температурата ќе се зголеми.

Однапред загрејте го седиштето

Загрејте ги предните седишта на автомобилот и воланот за да ве пречекаат топли.

Однапред закажувајте

Наскоро заминувате? Поставете го времето на заминување и кабината ќе ја добие точната температура кога ќе тргнете.

Програмирајте рутини

Закажувајте ги вашите дневни и седмични рутини за патување однапред за секој ден да го почнувате секое патување во удобност.

Прочистување на воздухот

Направете го секое тргнување свеж почеток.

Прочистување на воздухот. Подобар квалитет на воздухот пред да тргнете.

Далечински проверувач на квалитетот на воздухот

Проверете го квалитетот на воздухот во кабината на автомобилот пред да влезете внатре.

Брзо прочистување на воздухот

Пуштете петминутен циклус на прочистување за да ја проветрите кабината и да го замените застоениот воздух со свеж, чист воздух.

Технологија CleanZone

Прочистувањето на воздухот пред тргнувањето е овозможено од нашата напредна технологија CleanZone. Додека сте на пат, CleanZone го одржува квалитетот на воздухот на високо ниво намалувајќи ги нивоата на прашина, полен, честички и хемиски мириси. Дури може и да ги затвори вентилациските отвори во кабината кога ќе се откријат штетни супстанци.

Далечински локатор и аларм за автомобилот

Бидете блиску дури и кога сте далеку.

Локатор за автомобил и далечински аларм. Бидете свесни каде и да се наоѓате.

Мапирање на локацијата

Видете ја адресата на тековната локација на вашиот автомобил на почетниот екран и обележете на мапата каде бил паркиран последен пат.

Известувања за аларм

Знајте кога алармот на вашиот автомобил ќе се активира на кое било растојание.

Подобро полнење за помазно електрично возење.

Наоѓач на станица за полнење

Преобразете ги вашите полнења.

Наоѓач на станица за полнење. Електрично возење без мака.

Изберете станица за полнење

Видете ги станиците за полнење што се во досег и изберете станица од наведените.

Филтрирајте за да ја најдете најдобрата опција

Користете филтри за да ги најдете најдобрите полначи ако ви треба брзо полнење. Филтрирајте според достапноста во реално време и според станиците во партнерските мрежи каде што возачите на Volvo можат да добијат попусти.

Плаќајте без малтретирање

Зачувајте го вашиот претпочитан начин на плаќање за брзо да плаќате на избраните станици за полнење. Исто така, апликацијата ќе ги зачува сметките, па ќе можете да ги следите вашите трошоци за полнење.

Планирајте однапред

Пребарајте полначи во близина на вашето одредиште пред да тргнете. Тоа може да помогне да полнењето совршено да се вклопи во вашиот ден.

Статус и досег на батеријата

Знајте колку далеку можете да патувате.

Статус и досег на батеријата. Затоа што патувањето треба да биде лесно.

Степен на наполнетост

Брзо гледајте го степенот на наполнетост на батеријата на автомобилот и проценувајте приближно колку километри реално можете да поминете.

Реален досег

Предвидениот досег се пресметува според вашето скорешно однесување при возењето, а не според генеричките податоци од тестирањата.

Ниво на гориво и километража

Возачите на plug-in хибриди можат да видат колку далеку можат да стигнат со нивниот електричен мотор и приближно да ја проценат километражата на нивниот бензински мотор.

Функцијата на распоред за полнење во Volvo Cars app

Распореди за полнење

Поставете рутини што ви помагаат да заштедите.

Распореди за полнење. Заштедете време и пари со неколку допири.

Планирајте полнење на евтина струја

Направете го секое полнење поекономично со полнење кога цената на струјата е најниска. Овие тарифи на евтина струја обично се достапни навечер, па планирајте полнење дома за да заштедите.

Зачувајте ги локациите за полнење

Зачувувајте повеќе локации за полнење и планирајте распореди за полнење на секоја од нив. Без разлика дали сте дома или на работа, распоредите ви овозможуваат да си терате со животот, знаејќи дека автомобилот ќе биде подготвен за возење тогаш кога ќе сакате и вие.

Добивајте потсетници за полнење

Никогаш не пропуштајте можност за полнење. Добивајте автоматски потсетници за полнење кога ќе се паркирате на зачуваните локации за полнење.

Започнете со полнењето со еден допир

Ги променивте вашите планови? Со едно копче можете да го промените вашиот дневен распоред за да полните во мигот кога ќе го приклучите автомобилот. Но, ова нема да ја избрише вашата програма. Таа автоматски ќе продолжи следниот ден.

Статус на полнењето

Приклучете го и заборавете на тоа.

Статус на полнењето. Бидете 100 % сигурни дека автомобилот ќе биде 100 % подготвен.

Потврда на полнење

Со еден брз поглед можете да бидете сигурни дека вашиот автомобил е приклучен и активно се полни. Заминете знаејќи дека автомобилот ќе биде подготвен кога ќе се вратите.

Следете го напредокот

Максимално искористете го вашето време со брза проверка на напредокот и на времето кога вашата батерија ќе го постигне избраниот степен на наполнетост.

Брза поддршка кога ви е потребна.

Иконата за проверки за одржување во Volvo Cars app

Проверки и предупредувања за одржување

Следете го одржувањето без да се мачите.

Проверки и предупредувања за одржување. Грижа за автомобилот без стрес.

Проверки на статусот

Лесно проверувајте дали притисокот во пневматиците, светлата и течностите се во добра состојба.

Потсетници за сервисирање

Закажете го вашето годишно сервисирање баш на време кога ќе ви испратиме потсетник.

Иконата за закажување сервисирање во Volvo Cars app

Закажување сервисирање

Одете по пократок пат за вашето годишно сервисирање.

Закажување сервисирање. Брза маршрута за рутинско сервисирање.

Списоци на локални сервисери

Изберете од списокот на локални сервисери и погледнете ги достапните датуми и времиња за сервисирањето што ви треба.

Корисни потсетници

Закажете потсетници и календарски настани за да ги направите вашите термини за сервисирање попрактични.

Иконата за помош на возачот во Volvo Cars app

Помош на пат

Добијте помош 24/7 со само еден допир.

Помош на пат. Помош без малтретирање.

Помош со допир на копче

Повикајте помош на пат со допирање на само едно копче. Автоматски ќе бидете поврзани со локален оператор што може да ви помогне.

Видете ги вашите детали

Најдете ги бројот на вашата регистрација и серискиот број на возилото над копчето за повикување за полесно барање помош.

Иконата за корисничка поддршка во Volvo Cars app

Корисничка поддршка

Директно контактирајте со корисничката поддршка.

Корисничка поддршка. Скратен пат до помош.

Контакти за корисничка поддршка

Повикувајте, разменувајте е-пораки или разговарајте со нас директно од апликацијата. Сите контакти за корисничка поддршка ги ставивме на едно место за да го олесниме процесот.

Иконата за прирачници за поддршка во Volvo Cars app

Прирачници за поддршка што може да се пребаруваат

Лесно наоѓајте одговори.

Прирачници за поддршка што може да се пребаруваат. Имате прашање, најдете одговор.

Упатства за автомобил што може да се пребаруваат

Упатството за вашиот автомобил е достапно директно во мапата. Користете го полето за пребарување за да ги најдете конкретните информации што ги барате.

Иконата за персонализирани известувања во Volvo Cars app

Персонализирани известувања

Мали потсетници што прават голема разлика.

Персонализирани известувања. Правете помалку. Добијте повеќе.

Ажурирања околу полнењето

Пораките за брза потврда и ажурирањата околу процесот и завршувањето на вашето полнење значат дека можете да го приклучите автомобилот и да си продолжите со денот.

Нови функции

Побарајте вести за новите функции засновани на софтвер, додатоци и производи што можат да го подобрат вашето искуство како сопственик.

Помош за рака

Ќе ви испраќаме корисни известувања. Можеби ќе се работи за потсетник да го заклучите автомобилот или да ве потсетиме за полнење. Ќе слушнете од нас кога ќе дојде вашето годишно сервисирање и за да ве потсетиме за закажувањата за сервисирање. Ние се грижиме за вас.

Volvo Cars app на EX30 и предниот приказ на Volvo EX30

Volvo EX30 app за возачите на EX30

Ставете го големиот потенцијал на нашиот мал теренец на дланката од вашата рака.

Види повеќе

Како можеме да помогнеме?

Контактирајте со нас за прашања околу Volvo Cars app.

Дознајте повеќе за Volvo Cars app

Што е апликацијата Volvo Cars?

Апликацијата Volvo Cars е бесплатна апликација што им помага на возачите на автомобил Volvo да добијат повеќе од своето искуство. Содржините и функциите се приспособени според вашиот автомобил и услугите засновани на софтвер.

Што е вклучено во апликацијата Volvo Cars?

Volvo Cars app нуди практични и интуитивни функции што ви помагаат да извлечете максимум од вашето искуство со Volvo.

Таа ве опремува со далечински контроли за да се осигури автомобилот и однапред да се климатизира кабината. Постојат функции што ќе помогнат да се направи полнењето на вашиот целосно електричен или plug-in хибриден автомобил Volvo поекономично. И направивме упатствата за автомобилите да може да се пребаруваат за да може побрзо да наоѓате одговори. Исто така можете директно да контактирате со службата за поддршка од апликацијата.

Функциите, функционалноста и содржините на апликацијата зависат од моделот на автомобилот и од сервисите што се достапни во вашата околина.

Можам ли да го контролирам мојот автомобил со Volvo Cars app?

Volvo Cars app испорачува функционалност за далечинска контрола за да помогне вашиот автомобил да биде безбеден и да ја зголеми вашата удобност. На пример, далечински заклучувајте и отклучувајте го вашиот автомобил и загревајте ја или ладете ја кабината на идеалната температура пред да влезете внатре. Не можете да го најдете вашиот автомобил на паркиралиштето? Светнете со фаровите или свирнете со сирената далечински за да го најдете местото.

Дали Volvo Cars app ја замени апликацијата Volvo On Call?

Да, апликацијата Volvo On Call е сменета во Volvo Cars app. Апликацијата се подобри преку постојаниот развој и подобрување.

Дали мојата стара претплата на Volvo Cars app е засегната од промената на името на апликацијата? (т.е. претплатата на Volvo On Call)

Не, тоа продолжува како обично и не морате да правите ништо. Само името е променето.

Дали Volvo Cars app е бесплатна и како можам да ја добијам?

Volvo Cars app е бесплатна. Преземете ја каде што се достапни апикациите за вашиот паметен телефон. Определени дигитални услуги се наплаќаат дополнително.

Каде можам да го најдам упатството за некој конкретен модел автомобил во апликацијата?

Во картичката за автомобил ќе ви биде побарано да „го отворите прирачникот“. Тука можете да го пребарате тоа што ви треба.

Со кого да контактирам околу поддршка за апликацијата?

Апликацијата има назначена картичка за поддршка каде што можете да добиете поддршка на различни начини, директно од апликацијата.

Што е Volvo ID и како можам да направам Volvo ID?

Volvo ID е вашата единствена сметка на Volvo Cars. Служи како ваш акредитив за пристап до производи и услуги и ни овозможува да ве препознаеме како клиент и корисник на апликацијата. Можете да го направите вашиот Volvo ID веднаш штом ќе ја инсталирате апликацијата и ќе ја отворите првпат.

Си ги заборавив деталите за најавување/имам проблеми со најавувањето. Што треба да направам?

Дали си ја заборавивте лозинката? Следете ги долунаведените упатства за да ја ресетирате вашата лозинка.

Преку веб-локацијата на Volvo Cars:

1. Можете да ја смените вашата лозинка директно на веб-локацијата на Volvo Cars
2. Можете да најдете опции за управување со вашиот Volvo ID во горното десно мени
3. Пополнете го корисничкото име за вашиот Volvo ID (адреса за е-пошта/број на мобилен телефон).

Ќе добиете порака со врска што можете да ја користите за поставување нова лозинка.

Во Volvo Cars app:

1. Пуштете ја Volvo Cars app
2. Изберете „Најави се“
3. Притиснете „Заборавена лозинка“ и следете ги упатствата.

За дополнителна помош за најавување, контактирајте со вашиот локален малопродажник на Volvo или со корисничката служба на Volvo Cars.

Функциите на Volvo Cars app може да не бидат достапни на сите пазари или за сите модели и може да не бидат достапни до подоцнежен датум. Опишаната идна технологија и конечните способности може да се разликуваат.
Google Maps е трговска марка на Google LLC.